27.9 C
Ohrid
среда, јули 30, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски верува дека пратеници ќе бидат запишани во историјата, бидејќи обезбедиле европска...

Ковачевски верува дека пратеници ќе бидат запишани во историјата, бидејќи обезбедиле европска иднина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Фактот дека водиме дебата подолго време, значи дека се работи за исклучително клучно прашање. Доколку се работи за одлука која што не дефинира иднина, тогаш веројатно и дебатата не би се водела ниту толку долго, ниту толку детално. Процесот ќе се води, ќе се дебатира и ќе заврши успешно за граѓаните и за државата, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски, прашан до кога ќе трае процесот и кога ќе се гласа за уставните измени. Тој повтори дека е реален оптимист и дека верува оти пратениците ќе гласаат за уставните измени.
Тој останува на ставот дека секоја стратешка одлука е одлука која што ја определува иднината за повеќе генерации.

<

-Доколку се работи за одлука која што не дефинира иднина, тогаш веројатно и дебатата не би се водела ниту толку долго, ниту толку детално, ниту на толку нивоа. Ова само потврдува дека се работи за исклучително важно прашање и ќе се води толку колку што е потребно, за да се донесе правилна и вистинска одлука за остварување на целите и визијата на граѓаните на оваа држава, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој е во посета на Скопје.

Според Ковачевски, граѓаните заслужуваат да живеат во општество кое ги има истите европски стандарди со државите членки на ЕУ.

Ковачевски повтори дека е реален оптимист и дека верува во остварување на целта, односно дека пратениците ќе гласаат за уставните измени.

-Тоа значи дека верувам во остварување на целта и работам таа цел да се оствари. Пораката која што повторно ќе ја упатам до пратениците во Собранието, е дека тие се претставници на граѓаните. Граѓаните многу јасно кажуваат дека сакаат да бидат дел од ЕУ. Пратениците треба да бидат дел од европската идеја за Северна Македонија. Тие ја зеле одговорноста и честа да ги застапуваат граѓаните во Собранието и утре ќе бидат запишани во историјата како личности кои обезбедиле европска иднина на државата. Јас сум горд на сите пратеници во нашето Собрание, кои биле дел од носењето на важните стратешки и тешки одлуки за државата – рече Ковачевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...

Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка попладнево со седумчлен екипаж слета на Меѓународниот аеродром во Скопје.

-„Чешкиот Блек Хок со седумчлена посада слета на аеродромот Скопје. Утре наутро ќе почне со дејство врз пожарот на планината Готен од беровската страна“,...