23.1 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Македонски келнери во Блед ме молеа „внесете не во ЕУ, сакаме...

Ковачевски: Македонски келнери во Блед ме молеа „внесете не во ЕУ, сакаме да се вратиме дома“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Димитар Ковачевски на панел дискусијата во Блед кажа дека граѓаните сакаат земјата да стане членка на Европската унија за да се вратат дома, а тоа му го порачале студенти кои ги сретнал во Блед додека работеле во кафулињата.
Одејќи долж ривиерата низ Блед се почувствував како да се наоѓам во Босна и Херцеговина, затоа што сите келнери доаѓаат од таму. Зошто? За повисоки плати. Видов и неколку македонски студенти кои работат во кафулињата. Кога ги прашав како им е, ми рекоа „ве молиме направете сѐ за да ја внесете нашата земја во ЕУ. Сакаме да се вратиме дома и да работиме во земја од Европската унија, но не овде, туку дома“, кажа Ковачевски на панелот „Солидарност за глобална безбедност“.

<

Ковачевски кажа дека постои фрустрација кај граѓаните поради постојаните блокади на државата.

„Има истражување кое вели дека 80 проценти од граѓаните на Македонија се за европска интеграција и проевропски ориентирани, а истовремено 80 проценти се против блокадите кои доаѓаат една по друга. Овие блокади доаѓаат од земји членки на ЕУ во бранови кои се користат за нивната домашна политика, а не за меѓународната сцена. Како членка на НАТО се покажавме како активен член и досега не видов проблеми во функционирањето“, додаде Ковачевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...