-4.1 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Ќе има одговорност за сите кои ќе бидат идентификувани како можни...

Ковачевски: Ќе има одговорност за сите кои ќе бидат идентификувани како можни сторители на Клиниката за онкологија

Ќе бидат санкционирани сите оние кои го прекршиле законот, но не смее да се напаѓаат сите здравствени работници на Клиниката за онкологија, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Се работи за наводи што се грозни и што не смеат да се случуваат, а за наводи што сме слушале во текот на изминатите 20 години. Ова е првпат да биде спроведена една ваква обемна акција за идентификување на можни сторители на вакви дела. Би сакал да повикам да не се прави сензационализација и напад на сите доктори и медицински сестри во државата, бидејќи најголемиот број од медицинскиот персонал којшто работи во нашата држава, се извонредни луѓе, кадри, што се грижат за здравјето на нашето население, подвлече премиерот, одговарајќи на новинарски прашања во Клубот на пратеници, каде беше означен почетокот на новата ИПАРД 3 програма.

Задачата на МВР и на Обвинителството, како што рече, е обезбедување докази врз основа на што ќе бидат идентификувани сторителите.

– Од страна на претседателот на Владата и од Владата, нема да има никакви интервенции во однос на заштита на кого било. Бидејќи, се работи за навистина грозни наводи што се предмет на истрагата на МВР и на Обвинителството. Исто така гледам по медиумите, посебно социјалните медиуми, дека се сака да се креира слика за вмешаност на само одредени лица, зависно од нивната припадност, она што можам да го кажам е дека ваков тип на криминал е мултипартиски, мултиетнички и мултикултурен, дециден е Ковачевски.

Подвлече дека и за секоја друга клиника што ќе има слични наводи, ќе се постапува исто.

– Секој друг навод, што ќе биде достапен до јавноста, за која било клиника, исто така ќе биде, на овој начин, третиран и санкциониран од страна на релевантните институции. Одговорноста има име и презиме и врз основа на докази ќе бидат санкционирани оние кои ќе бидат идентификувани дека го прекршиле законот, дека ги прекршиле и етичките и моралните норми за извршување на здравствената дејност, порача Ковачевски.

Во моментот со Клиниката за онкологија раководи нов директор.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...

Автопатот Кичево Охрид ќе се прави и во зима !!!

Денес заедно со министерот за транспорт Aлександар Николски,градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и пратеници во сообранието на Република Македонија извршивме увид во градежните...