31.9 C
Ohrid
среда, јули 23, 2025
ПочетнаМакедонијаСтојанче Ангелов сам отишол во 3 часот на Водно за да помогне...

Стојанче Ангелов сам отишол во 3 часот на Водно за да помогне на момче со скршена нога

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, бидејќи немало ноќни екипи на Првата помош и ЦУК, сам отишол во три часот наутро на Водно за да помогне на момче со скршена нога.

<

Информацијата се споделува на Фејсбук, а истата во пост ја потврди и Ангелов.

-Како што знаете, секој четврток вечер на крстот на Водно има журки. При секоја журка во ноќните часови пешки се качува и симнува до крстот, а нормално и логично по патот не е осветлено.

Кога била претпоследната журка на враќање од крстот еден дечко си ја скршил ногата, а во доцните часови Првата помош и ЦУК немале екипа да ја испратат на терен.

Докторка зборувала лично на телефон со Стојанче Ангелов, а во услови на недостаток на екипи тој дошол на козјите патеки на Водно и на раце заедно со мои другари го спасиле дечкото и го пренеле до државна болница.

Во оваа пригода сакам да го пофалам генералот Стојанче Ангелов и без разлика што и да мислите за него овој потег од негова страна, што запалил кола и дошол во 3 сабајле е за почит. Поддршка, но и апел ЦУК да има екипи во секое време да бидат спремни за интервенција на терен

Со ваквите хумани потези како овој на Стојанче Ангелов сфаќам дека се враќа мојата надеж за човештвото, но се губи надежта во државата која нема дежурни екипи во ноќните часови, стои во информацијата на Фејсбук.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР: Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево

„Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток...

Македонската убавица Хeлена Роза, кандидат за градоначалник.

Хелена Роза, поранешна водителка и сестра на нашата пејачка Ребека, пред десетина години се пресели во Нов Зеланд и започна нов живот со своето...

24 години од убиството на Ѓоко Лазаревски- Херојот кој сам го бранеше Лешок

Пред 24 години, тој го бранеше своето село од припадниците на ОНА. Пред 24 години храбро војуваше за слобода на Лешок и зачувување на...

80 годишен дедо од Македонија пронајден мртов на плажа во Грција.

Осумдесетгодишен маж бил пронајден во несвест вчера попладне на плажата Каријани во општина Паџао. Според крајбрежната стража, на осумдесетгодишникот кој бил државјанин на Македонија...