27.9 C
Ohrid
петок, јуни 27, 2025
ПочетнаСветМали: Минималната плата во Србија ќе изнесува 401 евро

Мали: Минималната плата во Србија ќе изнесува 401 евро

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претставниците на Владата на Србија, репрезентативните синдикати и работодавачите на денешниот состанок на Социјално-економскиот совет (СЕС) не постигнаа договор за минималната плата за 2024 година. Се очекува Владата да го потврди предлогот минималната плата од 40.000 динари колку што е годинава да се зголеми на 47.154 динари.

<

– Одлуката за висината на минималната плата во Србија за следната година ќе биде донесена на седницата на Владата на Србија на 14 септември, а предлогот на Владата е минималната плата да се зголеми за 17,8 отсто на 47.154 динари, т.е. 401 евро, изјави денеска министерот за финансии Синиша Мали.

Потпретседателот на Сојузот на независни синдикати на Србија (СССС) Горан Милиќ по седницата на СЕС за Бета изјави дека министерот за финансии Синиша Мали на седницата на СЕС изјавил дека параметрите врз основа на кои Министерството направило анализа за зголемувањето на минималната плата биле „оправдани“.

– Сметаме дека нашите барања се реални бидејќи мајската потрошувачка кошничка чинела речиси 52.000 динари (443 евра), а трошоците за минималната кошничка со намирници значително ќе се зголемат до јануари следната година, рече Милиќ.

Тие предложија овој септември минималната плата да се зголеми за десет отсто, а во јануари 2024 година за нови 20 отсто, но Министерството за финансии на претходните две средби одби да разговара за зголемувањето што ќе се применува годинава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Една година Ескобар Струга – забава со Балканикос, коктели и италијански вкусови.

Една година Ескобар Струга – забава со балканикос, коктели и италијански вкусови! ЕСКОБАР СТРУГА слави 1 година постоење – и вие сте поканети на роденденска...

Телеком Италија ги купи Сказните на Биби

Телеком Италија и македонскиот детски бренд „Светот на Биби“ потпишаа договор со кој италијанскиот телеком ги откупи правата за емитување на популарната анимирана серија...

Министерот Aлиу ја посети Психијатриската болница– Затекна нечовечки услови за живот

Министерот за здравство – Азир Алиу денеска беше во посета на Психијатриската болница „Скопје“ заедно со в.д. директорот Хиса Авдулаи. Констатирани се сериозни предизвици во...

3-годишната Софија ја победи леукемијата и прослави победа на Детската клиника во Скопје

На само 3-годишна возраст, таа ја извојува најголемата битка. По месеци исполнети со храброст, солзи, нежност и неизмерна сила, пред еден месец Софи извојува...