9.9 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаМакедонијаБлагоја Грујовски до Најдовски: Јас ќе пеам на настан од СДСМ и...

Благоја Грујовски до Најдовски: Јас ќе пеам на настан од СДСМ и повторно ќе дојдам во Австралија !!!

Новинарот Ицо Најдовски преку социјалните мрежи ги стави во мисла македонските пејачи кои беа на списокот на пејат на настан организран од страна на СДСМ.

Ве молиме да не се срамите! Утре пак ќе треба да дојдите во Австралија, но ќе биде тешко за вас и за нас. Северните Македонци имаат свои естрадни уметници.
Македонија нема што да слави сега. Нејзиното име е збришано а со тоа збришана е и независноста!
П. С. Јордан Митев не учествува на прославата на СДС. Разговарав сношти и денес.

После оваа порака веднаш се јави и Благоја Грујовски:

Здраво Ицо, те почитувам како новинар и интелектуалец, патриот и те поздравувам. Кога ќе дојде време јас секако ќе одам во Австралија како слободен човек
како македонец и македонски пејач.
Тоа сум бил и ќе бидам секогаш. И верувај, нема да се срамам. Песната не познава партии туку луѓе, народ. Јас ќе пејам секогаш на прослави каде што се собира народ, вмро-вци или сдсм-ци. Сите се од мојот народ. И во приватниот живот имам блиски луѓе со драстично различни мислења. Едните ме критикуваа, другите ме пофалија, ама никој не ми се налути. Животот е поголем од политиката.
Ти имаш важна улога во македонската заедница, може да критикуваш политика но треба да ги сплотиш луѓето. Ние пејачите со песна барем малку ги сплотуваме луѓето со различно убедување. Да ја оставиме политиката на политичарите, а музиката на народот.
Еве ќе ти предложам болна македонска тема: милионски суми се однесени изминативе децении од странски пејачи платени со народни пари, од општини и од фирми. Ниеден македонец, ни од овде ни од светот не реагира. А се покренува лавина кога македонски пејач ќе запее некаде.
Поздрав до нашата наредна средба во 3zzz каде што може да отвориме и вакви теми.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Игор Југ: Еден од „реформаторите“ бараше од мене да го наместам Груевски за 27 април и веднаш да бидам ослободен од затвор!

Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за голготата која ја помина откако неправедно беше осуден на...

Османи: И Заев велеше дека нема да прави влада со ДУИ

Стана тренд дека ако правите кампања против ДУИ ќе ја добиете поддршката на македонскиот народ. И Заев велеше дека нема да прави влада со...

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на...

Наскоро во срцето на Дебрца се отвора етно ресторан Бате Боле.

Во срцето на општина Дебрца, поточно во село Лешани наскоро се отвора етно ресторан Бате Боле. Ресторанот се наоѓа до вила Бате Боле која од...