17.1 C
Ohrid
недела, мај 18, 2025
ПочетнаМакедонијаИстрагата против поранешна директорка на Онкологија запрена – Обвинителството не нашло докази

Истрагата против поранешна директорка на Онкологија запрена – Обвинителството не нашло докази

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Истрагата на обвинителството не собрала дозволно докази дека поранешна директорка на Клиниката за Онкологија сторила кривично дело и финансиски малверзации при набавка на цитостатска терапија во 2011 година и се повлекла од кривично гонење. Против неа Министерството за внатрешни работи (МВР) во јуни 2012 година поднесе кривични пријава за нанесена штета на Фондот за здравство во висина од 350.000 евра, а тогашнито министер Тодоров ја разреши од функцијата.

<

„Предметот е воден согласно стариот Закон за кривична постапка за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител на 10.02.2016 година до истражниот судија при Основниот суд Скопје 1 доставил Изјава за откажување од кривично гонење, бидејќи делото кое и се ставаше на товар на осомничената не е кривично дело кое се гони по службена должност. Судот потоа донел Решение за запирање на истрагата“, соопштуваат од Јавното обвинителство.

За тековната предистрага од Обвинителството нема многу официјални детали и информации. Распити на вработени во Клиниката траат, а досега десетина пациенти контактирале со двајцата обвинители кои се назначени на предметот и ги изразиле своите сомнежи за начнот на кој биле лекувани на Клиниката и можен криминал и злоупотреби. Одземените компјутери и документи во писмен и електронски формат се вештачат, а дополнително се ангажирани и лекари кои помагаат во анализа на документацијата. Од Обвинителството се согласија да им биде дозволен увид и пристап во истрагата на тројца онколошки пациенти кои ќе потпишат изјава за тајност.

Од вчерашниот протест, кој почна пред Владата, до обвинителството беше испратен ултиматум од една недела јавно да соопшти за текот на истрагата или во спротивно протестите ќе добијат на интензитет.

Министерот Меџити, пак, во телевизиско интервју информираше дека уште пред два месеца имал состанок во претставник на фирмата која го донела КАТО системот на Клиниката за Онкологија за да се разгледаат можностите за повторно враќање во функција за прецизно следење на патот на терапијата и драстично намалување на можноста од злоупотреби. Според Меџити, поранешниот директор Васев усно, а не писмено, одлучил да не го користи КАТО системот, бидејќи бил скап за користење. Во здравство сè уште се анализира дали во функција да се врати овој систем или пак да се набави нов.

Останува отворено и прашањето кога ќе се спојат софтверите на клиниката со управните служби за прецизно да може да се следи дали има пациенти кои ја загубиле битката со канцерот, а сè уште се водат во системот на Клиниката и со тоа се отвара простор за малверзации со скапата цитостатска терапија.

Преземено од Teлма – Огнен Чанчаревиќ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски прогнозира дека СДСМ може да не освои ни една општина !!!

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека ВМРО ДПМНЕ се подготвува интензивно за локалните избори. Најави дека кандидатите за градоначалници ќе ги...

Унеско бара охриѓани да ги скријат клима уредите сателитските антени и соларните системи !!

Охриѓани од старото градско јадро ќе треба да сокријат илјадници сателитски антени, клима уреди, сончеви колектори, фотоволтаични панели и светлечки реклами до крајот на...

Жител на селото Мислешево на гостите и на вработените во локалот им се заканувал со ќотек !!

На 17.05.2025 во 18.40 часот во струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа М.М.(54) од истото село затоа што претходно во...

Охриѓанец ја киднапирал бабата, сопругата и малолетната ќерка на негов сограѓанин !!

На 18.05.2025 во 00.50 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Свр Охрид го лишија од слобода А.Д.(33) од Охрид, кој...