27.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЖители на Велешта нападнале полициски службеници во станицата во Струга

Жители на Велешта нападнале полициски службеници во станицата во Струга

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлог за определување мерка притвор против двајца осомничени од селото Велешта, за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик.
Како што информира ОЈО, двајцата осомничени 32-годишници, на 16 септември по полноќ, влегле во полициската станица во Струга додека друго лице поднесувало пријава против нив и со спреј-солзавец почнале да го прскаат пријавителот во присуство на неколкумина полициски службеници.

<

Веднаш потоа осомничените ги нападнале и полицајците, започнале да ги влечат и да се обидуваат да им го одземат службеното оружје. Двајцата осомничени биле совладани, но продолжиле упорно да се обидуваат да се ослободат и да побегнат од станицата. Имајќи ја предвид дрскоста со која бил извршен нападот во полициска станица, околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можноста да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор, соопшти ОЈО.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Талески: Власта нуди министер за здравство информатичар кој не знае ни колку болници има во Македонија.

Кандидатот за министер за здравство, Азир Алиу, е апсурден и срамен потег на оваа власт. Срамно е што за министер за здравство, власта ќе...

Наскоро во Македонија лична карта и возачка дозвола во телефон!

Министерството за дигитална трансформација работи на дигитална апликација преку која граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронски облик, а ќе имаат...

Азир Алиу изгласан за нов министер за здравство

Премиерот Христијан Мицкоски претходно во образложението на предлогот за Азири истакна дека верува оти неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето...

Почина работникот од Кина кој падна од платформа кај селото Требеништа, при изградба на автопатот Кичево Охрид.

По пет дена борба за живот, работникот од Кина кој беше тешко повреден при изведба на градежни работи на автопатот Охрид – Кичево, вчера...