16.9 C
Ohrid
сабота, мај 11, 2024
ПочетнаМакедонијаАхмети: Моето семејство има бизниси и можеби е најбогато во околината 200...

Ахмети: Моето семејство има бизниси и можеби е најбогато во околината 200 години, за пред тоа не знам

По братот, синот, внуците, и сватовите на Али Ахмети вртат милионски бизниси. Најнов случај е тој за неговиот зет, чија фирма само во првата годината, ланската 2022 имала обрт од 12 милиони евра и профит од цели 2 и пол милиони евра. Според вечниот лидер на ДУИ, тука немало ништо спорно.

Ахмети бил запознаен дека семејството на неговиот се уште неофицијален зет имало свои бизнис, но не сака да коментира, не знаел конкретни податоци. Оваа фирма од пред еден месец е во целосна сопственост на Куштрим Смајлај, момчето на ќерката на Ахмети, откако косопственикот Ерџан Сулковски се откажал од својот удел.

-Куштрим ми е зет, Ускана е моја ќерка. Но, Обвинителството, судството, никој не е амнестиран, туку се еднакви пред законот. Јас не можам да му забранам никому од моето семејство да има активности. Но едно им ставив на знаење, пред законот се еднакви, како и секој граѓани, изјави Ахмети.

Според него, Не само сега, семејството Ахмети можеби е најбогатото во својата околина веќе двесте години. За повеќе од тоа не знаел. За него немало ништо чудно што не само неговите најблиски роднини, туку и неговите сватови прокнижуваат профити од милиони евра преку своите бизниси.

Богато од своите бизниси профитираат не само зетот на Ахмети, туку смејството на свршеницата на неговиот синот. Според првиот човек тоа било нормално. Таткото на неговата снаа имал бизнис повеќе од три децении.

-Син ми и ќерката на Сулаедин создале врска, но се уште не е официјализирана. Јас за семејството можам да кажам дека лебот го обезбедило со своја пот. Можеби било најбогатото семејство во околината. Кој имал млин пред 200 години, а семејството Ахмети пред 200 години имало млин со четири камења, за пред тоа не знам. Значи, мојот прадедо бил богат човек, сме имале многу богатство, изјави Ахмети.

Инаку, веќе е позната бизнис империјата на семејството Ахмети. Според обвинувања на опозицијата во бизнис вреден 35 милиони евра влегуваат и синот на лидерот на ДУИ, Шкумбил Ахмети, заедно со внуците Дрин и Бесијан, за изградба на фотоволтаична централа во реонот на Кичево.

А внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, добива и државни пари. Тој стана актуелен во јавноста со добивањето на 39 проценти од деловниот центар Соравија за 0 евра. Но тоа не е единствениот негов бизнис. Преку два тендери од ЕЛЕМ, тој добил и 90 илјади евра од ЕЛЕМ. А на сметката на младиот Дрин, пари легнале и од Фондот за иновации, каде директор е Фестин Алили, кадар на ДУИ.

За иновациите пари на фирмите на младиот бизнисмен легнале годинава меѓу февруари и мај, а вкупната сума е нешто помалку од 80.000 евра. На сметката на Еверст ЏД легнале 45.000 евра, додека ТХОР Индустрис добила нешто повеќе од 30.000 евра.

Матеја Петровски

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски заминува, СДСМ во јуни ќе бира претседател и раководство

Ковачевски заминува, СДСМ во јуни ќе бира претседател и раководство. Изборите во кои доживеаја катастрофален пораз, причина социјалдемократите да заминат на брзи внатрепартиски избори....

Во Струмица се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка

Во Струмица денеска се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка, која на Градскиот плоштад беше донесена од храмот „Свети Григориј Палама...

Стево ми ѕвонел, ама телефонот сум го оставила дома

Немав многу време да го следам говорот на господинот Стево Пендаровски, но фатив неколку инсерти. Рекол дека ми ѕвонел на телефон за да ми...

ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ „ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси,...