6.9 C
Ohrid
четврток, ноември 21, 2024
ПочетнаМакедонијаСуспендирани полицајците кои тврдеа дека биле измамени од затвореник за 4.000 евра...

Суспендирани полицајците кои тврдеа дека биле измамени од затвореник за 4.000 евра !!!

Двајцата полицајци кои тврдеа дека биле измамени од затвореник се суспендирани, информираше министерот за правда, Кренар Лога.

Во изјава по денешниот брифинг со медиумите, министерот Лога рече дека од моментот кога се информирал за случајот, побарал од Управата за извршување на санкции да постапи.

– Денеска во комуникација со новиот директор на КПД Идризово е преземено тоа и двајцата полицајци се суспендирани до разрешницата на овој настан, рече министерот.

Управата за извршување санкции претходно соопшти дека на 19.09.2023 година извршила вонреден наздор во КПД Идризово со цел да се проверат наводите на осудените лица Тони Денковски и Јанко Јаневски за закани по живот, рекет и уцени.

– Во врска со наводите на Јанко Јаневски кој отслужува 9-годишна затворска казна, дека имал уцени и закани по живот да врати 4.000 евра во рок од 24 часа, Управата за извршување на санкции изврши разговор со двајца припадници на затворската полиција кои тврделе дека биле измамени од Јаневски кој им побарал по 2.000 евра ветувајќи им дека ќе бидат префрлени со работа во МВР. Вкупната сума од 4.000 евра му ги исплатиле на негов пријател во трговскиот центар ,,Сити мол”. Командирите по извесен период сфатиле дека се измамени и настанот го пријавиле во ПС Кавадарци, соопштија оттаму.

Службените лица од Управата разговарале и со осуденото лице Јанко Јаневски кој појаснил дека никогаш не зел пари од припадници на затворската полиција, туку напротив, дека лично тој му давал пари на Киро Димов, припадник на затворската полиција. Осудениот Јаневски парите ги добивал од спортско обложување кое се организирало во установата и на неколку наврати му позајмувал пари на Димов. Потоа почнал да му се заканува преку осудени лица за враќање на долгот во рок од 24 часа. За наводите дека припадникот на затворската полиција земал пари од Јаневски, потврдиле и две други осудени лица.

Во однос на осуденото лице Тони Денковски за неговата поплака дека му е нарушена безбедноста и дека има закани и уцени од страна на осудени лица и припадници на затворската полиција, за што е поднесена и пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, од разговорот со него тој не посочил конкретни имиња на осудени лица или припадници на затворската полиција поради што не можело да се проверат неговите наоди. За Денковски, во дневните билтени не е евидентиран некаков настан или физички напад на ова лице а преземени се и мерки за заштита на неговата безбедност, сместен е сам во соба и сам оди на прошетка.

До денот на извршениот надзор осуденото лице Тони Денковски, како што информираа УИС своевремено, нема поднесено барање за преместување во друга установа.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за...