20.9 C
Ohrid
петок, јуни 6, 2025
ПочетнаМакедонијаШокантно видео: Доктор Јовев турка колега во ќош, па му удира шлаканица

Шокантно видео: Доктор Јовев турка колега во ќош, па му удира шлаканица

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поранешниот директор на Кардиохирургија Сашко Јовев турка негов колега во ќош, па во еден момент замавнува и му удри и шлаканица….
На ова претходи вербална расправија, а екс директорот се расправа и со медицинска сестра….Ова се гледа на видеата кои пристигнаа на официјалната електронска адреса на Канал 5 кои се поврзуваат со инцидентот се случи пред околу три недели, кој беше пријавен во полиција. Снимките кои стигнаа до редакцијата се појаснети со речениците „видеа од Сашко Јовев насилник – како докторот се изживува и физички напаѓа вработени“, и „еве како Јовев беше физички нападнат или всушност тој е насилникот и напаѓачот“ стои во коментарите на испратените видеа од адреса која нема име и презиме на испраќач, туку е именувана incidentotnajovev.

<

Од МВР за Канал 5 велат дека против Сашко Јовев ќе биде поднесена прекршна пријава согласно законот за прекршоци, бидејќи немало доволно елементи за кривично дело. Оттаму велат дека преземени се сите неопходни мерки, направени се службени разговори, земени се изјави и од очевидци, а прибавени се и снимките од видео надзорот, а притоа дополнително е утврдено дека Јовев физички нападнал друг вработен во одделот за Интензивна нега за што ќе добие соодветен поднесок.

Во врска со пријавите од 18.09.2023 за физички напад во Државната кардиохирургија во консултација со јавен обвинител преземени се сите неопходни мерки за расчистување на случајот. Притоа, дополнително е утврдено дека во Одделот за интензивна нега С.Ј. физички нападнал друг вработен во болницата. По извршени консултации со дежурен јавен обвинител, добиени се насоки настанот да се води по ЗПП ЈРМ, бидејќи нема елементи и обележја на кривично дело кое се гони по службена должност. Против С.Ј. ќе биде поднесен соодветен поднесок.“

Јовев во изјава за Канал 5 тврди дека против него се води хајка, признава дека бил револтиран бидејќи не добивал тим за да може дента да работи, и тврди дека колегата кој на снимката го турка всушност му е куќен пријател.

Според Јовев, физичка пресметка помеѓу него и сегашниот Директор Марјан Шокаревски немало, туку станувало збор само за вербални несогласувања. Тие настанаа по смената на Јовев во јуни годинава. Тогаш познатиот кардиохирург Јовев беше разрешен од функцијата од страна на министерот за здравство, а доби голема поддршка од јавноста и негови пациенти кои и протестираа поради одлуката тој да биде сменет.
ВИДЕО ТУКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Данела до Елмази: Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му одговори на Мухамед Елмази од Влен, дека Градот нема надлежност во Сарај. Мухамед Елмази бидејќи се закануваш, ајде...

Млад Србин херојски го спасил животот на Македонец на Олимпик бич во Грција

На познатата грчка плажа Олимпик бич се случи херојска спасувачка акција кога млад Србин навремено реагираше и го спаси животот на постар Македонец што...

Не чувствувам одговорност за трагедијата во Кочани, вели министерот и ексдиректор на ДЗС, Шабан Салиу

Верувам во нашата држава, верувам во институциите на системот, верувам во правосудните органи дека правилно ќе ги согледаат аргументите и сите останати, да кажам,...

Полицаец повреден откако возач му ја прегази ногата за време на контрола

На 04.06.2025 околу 20.05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницта од бул.„Илинден“ со ул.„Бледски договор“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со...