13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаВонредни инспекции во прилепската болница по смртта на новороденчето со сепса

Вонредни инспекции во прилепската болница по смртта на новороденчето со сепса

Вонредни инспекции во прилепската болница по смртта на новороденчето со сепса !!!
Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Прилепската болница по смртта на новороденчето старо десетина дена кои почина од сепса.

Бебето било родено во болницата во Прилеп, а потоа префрлено на Детската клиника во Скопје каде по една недела почина.

Случајот го обелодени вчера мајката на бебето на социјалните мрежи. Како што сведочи, нејзиното новорденче најпрви било третирано од жолтица, а во прилепската болница и рекле ќе биде пратено во Скопје и дека таму имале подобри апарати. Дента на хоспитализирање на Детската клиника, раскажа мајката, и’ кажале дека е инфекција, а по два дена испитувања дека детето фатило тешка сепса и како такво било донесено од Прилепската Болница.

Од Болницата во Прилеп во текот на вчерашниот ден кажаа дека бебето развило потешкотии со дишењето, медицинските лица му зеле крв за анализа, а поставена била и инфузиона, двојна антибиотска терапија, но по консултација со лекар од Клиниката за детски болести, било транспортирано во Скопје.

Од Детската клиника, пак, вчера посочија дека бебето кај нив било донесено од прилепската болница во исклучително тешка здравствена сосојба. Примено било на одделот за интензивна нега, потоа и интубирано, а откажале и бубрезите. Од тука додадоа дека според клиничките и биохемиските параметри, се работи за рана неонатална сепса, што се појавува првите четири дена и најчесто, инфекцијата настанува при самото раѓање.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...