25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаСара Џесика Паркер го пофали македонскиот филм „Медена земја“

Сара Џесика Паркер го пофали македонскиот филм „Медена земја“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Холивудската актерка Сара Џесика-Паркер го гледаше прикажувањето на македонскиот документарен филм „Медена земја“ по што го сподели своето воодушевување на својот профил на Инстаграм.

<

Глумицата од неколку култни филмови објави фотографија од филмот и напиша дека е сигурна дека „Медена земја“ ќе влезе во трката за Оскар во својата категорија.

„’Медена земја’ е неверојатна, визуелно зачудувачка, интимна, а, сепак, епска приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам. Има причина зошто овој филм ја добива секоја награда за документарен филм“, пишува Џесика-Паркер.

Таа во постот им честита на филмаџиите Љубомир Стефанов и на Тамара Котевска. „Ви благодарам што ни дозволивте да патуваме со вас во малото село во Република Македонија, ќе ве следам насекаде“, пишува таа.

Таа уште додава дека филмот се прикажува во Њујорк и го погледнала во Quad Cinema.

„Медена земја“ вечерва е на „Киненова“, а се прикажува и во Куманово, Битола, Свети Николе.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...