22.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаЗа првпат воведен Тест на интегритет за сите нови вработувања во МВР

За првпат воведен Тест на интегритет за сите нови вработувања во МВР

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

За првпат воведовме Тест на интегритет за сите нови вработувања во МВР – Согласно извештајот на ГРЕКО за евалуација на РСМ – петти круг за ,,Спречување на крупцијата и промовирање на интегритет кај централната власт и органите за спроведување на законот”, со законско решение го уредивме прашањето на интегритетот за кандидатите за вработување, како и за сите вработени во Министерството.
🔹Имено, како нов услов за засновање на работен однос е кандидатот да има положено Тест за интегритет.
🔹За постојните работници, пак, заради спречување на корупција и злоупотреба на службената положба, а со цел јакнење на интегритетот на секој работник, се предлага да се врши проверка на интегритетот, преку спроведување ТЕСТ за професионален
интегритет. Тој тест ќе се врши континуирано за времетраење на работниот однос на работникот. Резултатот од тестот може да биде и индикатор за поведување на предистражна постапка. Резултатот може да биде позитивен или негативен. Негативниот резултат е
предвиден како потежок случај за дисциплинска одговорност и основа за поведување на дисциплинска постапка.
Од полицијата со висок интегритет се очекува
да го усогласи начинот на однесување на полициските службеници со демократските вредности додека при преземањето на мерките од овластувањата да се раководи од владеење на правото и доследно да ги почитува човековите права. Тоа значи отстранување на условите за постоење на корупција во полицијата и непрофесионалното постапување и воспоставување на посакуваните етички стандарди.
#МВРфакти

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...