16.9 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаМакедонијаАмериканец до смрт ја претепал сопругата: се скарале за трошоците за мачката

Американец до смрт ја претепал сопругата: се скарале за трошоците за мачката

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

84-годишен маж од американската сојузна држава Пенсилванија е обвинет за убиство на својата сопруга по расправија околу финансиските трошоци за ветеринарната нега на нивната мачка.
Бартон Селтман е уапсен откако полицијата ја пронашла неговата сопруга Маргарет Селтман (85) мртва, јавува „NBC News“.
Двојката се расправаше за пари за ветеринарна нега на нивната мачка, а во еден момент конфликтот стана физички. Доказите пронајдени на местото на настанот укажуваат дека жртвата била удирана повеќе пати во главата додека лежела на подот во кујната“, соопшти полицијата.

<

Властите велат дека Селтман сам ги повикал властите по инцидентот. Кога пристигнале, полицајците нашле маж на задниот трем со крв на рацете, лицето и облеката.

Селтман првично рече дека некој ја претепал неговата сопруга, за подоцна да признае дека ја нападнал откако таа грабнала нож и му се заканила дека ќе го убие.

Селтман на полицијата и рекол дека грабнал стол и со него ја турнал сопругата, која потоа паднала и ја удрила главата на подот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство!

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство! Денес, во срцето на општина Пустец, Р. Албанија, се одржа македонскиот фестивал што уште...

Запалени скакулци предизвикуваат пожари околу Штип, велат од Национални шуми

Пожарот што попладнево повторно се разгоре на планината Серта меѓу Селце и Драгоево донесе редок и застрашувачки феномен: инсекти што буквално носат оган во себе....

Повеќе од 150 војници вклучени во гаснењето на пожарите

Над 150 армиски припадници и денес беа вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата. Во координација со ЦУК и другите...

Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато Денеска (27.07.2025) во 08.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на Куријски пат...