34.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаНема одговор од полицијата каде се петмината приведени за случајот со исчезнувањето...

Нема одговор од полицијата каде се петмината приведени за случајот со исчезнувањето на Вања

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Полицијата не открива што се случува со петмината приведени под сомнение за поврзаност со исчезнувањето на четиринаесет годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Согласно законот, во рок од 24 часа тие мора да ги изведат пред судија на претходна постапка, кој би одлучил дали ќе одреди мерки за претпазливост, како затворски притвор, одземање пасош, домашен притвор или други мерки со кои ќе се ограничи нивното движење или пак, доколку немаат доволно докази против нив, да ги ослободат. На прашањето на Алфа, каде во моментов се петмината приведен, од МВР не ни одговорија, во една реченица информираат само дека работат на расчистување на случајот.

<

„СВР Скопје интензивно работи на расчистување на случајот. По расчистувањето, соодветно ќе ја информираме јавноста – велат од МВР.

Како од Министерството за внатрешни работи, така и од јавното обвинителство решија само кусо да и одговорат на Алфа без споделување на повеќе детали дека постапката уште била во рацете на полицијата.

„Постапката се уште е во фаза на полициска истрага. Кога ќе има повеќе информации, ќе ги сподлеиме со вас.“ – Ни одговорија од ОЈО.
Во моментов исто така не е јасно дали е извршен претрес во нивните домови. Со наредба од суд, полицијата може да изврши пребарувања на домовите, возилата или други места поврзани со приведените лица за да се најдат докази кои би можеле да бидат клучни во истрагата. Министерот Спасовски вчера објави дека запленет е еден автомобил поврзан со исчезнувањето на Вања, кој во моментов се вештачи.

Досега, во рамки на истрагата за пронаоѓање на Вања Ѓорчевска, во околината на центар се пребарани сите подруми, сослушани сведоци, прегледани се видеа од 50 камери, следен е сигналот на телефонот, пребарани се манастири, како и коритото на реката Вардар, а истрагата продолжува.

Инаку, 14 годишната Вања Ѓорчевска е висока 175 сантиметри, со кафени очи и темно кафена коса. Носи протези за заби и има бемка на десната страна од лицето. Исчезна во понеделникот во утринските часови на пат кон училиштето Песталоци.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...