19.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаПолицајците ги спроведоа свиткани како кифли: "Топло добредојде" во Шутка за осомничените...

Полицајците ги спроведоа свиткани како кифли: “Топло добредојде” во Шутка за осомничените за убиството на 14 годишната Вања !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Под силно полициско обезбедување тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка кој ќе одлучува по новото барање за мерката притвор, овој пат од 30 дена.
Облечени во посебна облека и ишишани, таткото на Вања Ѓорчевска, Александар и тројцата осомничени за киднапирање и убиство на 14 годишното девојче и 74 годишниот Панче Жежовски, вечерва повторно се донесени во Кривичниот суд.

<

Под силно полициско обезбедување тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка кој ќе одлучува по новото барање за мерката притвор, овој пат од 30 дена.
Осомничени за нејзиното убиство, покрај таткото, се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се дел од партијата Десна на првоосомничениот, Љупчо Палевски – Палчо, кој е во бегство и надвор од државата и за кого е донесена наредба за спроведување истрага и издадена меѓународна потерница.

Притвор од 48 часа се бара и за уште едно лице, 46 годишен скопјанец, кој беше приведен под сомнение дека му помагал на Палчо.

-Основаното сомневање дека осомничениот го сторил кривичното дело произлегува од досега прибавените докази од Бирото за јавна безбедност, Сектор за меѓународна полициска соработка доставено до СВР Скопје во кое е наведено дека лице осомничено дека сторило кривично дело, по кое сега е распишана меѓународна потерница, на 02.12.2023 година било регистрирано на граничните премини во Р.Бугарија и тоа со влез во Р.Бугарија на ГП Калотина и излез од Р.Бугарија на ГП Капитан Андреево (кон Р.Турција). И двете регистрации се со возило марка Ланд Ровер, управувано од осомничениот. Лицето е лишено од слобода и со него полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка извршија информативен разговор, информираат од Обвинителството.

Малолетната Вања беше пронајдена мртва на 3 декември во близина на Скопје, по пријавата за нејзино исчезнување на 27 ноември годинава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...