16.8 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаМакедонијаАвстриски експерт бара да сме го тргнеле споменикот на Цар Самуил како...

Австриски експерт бара да сме го тргнеле споменикот на Цар Самуил како добар гест кон Бугарите

„Ја повикувам Македонија љубезно да го отстрани овој споменик како добар гест кон нашите бугарски сојузници“.

Ова, на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) го објави Гинтер Фелингер, австриски експерт и советник од невладиниот сектор кој се залага за побрза интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ и во НАТО.

Фелингер, кој инаку важи и за голем провокатор и пропагандист, замотал црвено-жолт шал околу вратот и се фотографирал пред споменикот на Цар Самуил на плоштадот „Македонија“ во Скопје, па оттаму, со превртен палец упатен кон споменикот, ги советува Македонците да им го направат меракот на Бугарите.

Инаку, во декември 2020 година истиот тој Фелингер бараше од Македонија да се откаже од празниците 11 и 23 Октомври, бидејќи биле провокативни за Бугарија.
Фелингер е познат по своите екстремни антисрпски ставови кои ги објавува на социјалните мрежи. Тој побара Србија да ја признае независноста на Косово и Метохија, да воведе санкции кон Русија, да се закачи украинското знаме на зградата на Претседателството на Србија во Белград и хотел „Москва“ да се преименува во хотел „Киев“
Тој при посетата на Белград побара споменикот на Милица Ракиќ да се замени со споменик на Медлин Олбрајт и се сликаше со НАТО и албанското знаме.

Фелингер објави слика со знамето на НАТО во Белград на годишнината од почетокот на НАТО агресијата врз СР Југославија и по тој повод му се заблагодари на НАТО за бомбардирањето.

Постапката на Фелингер го предизвика гневот на српската јавност и дијаспората, по што во јавноста беа објавени неговиот телефонски број и адресата во Виена. По овој настан Фелингер изјавил дека цела ноќ добивал заканувачки пораки од „српските екстремисти“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициски службеник фатен со над 10.000 евра мито, се испитува кај кого требало да завршат парите

Овластено службено лице, вработена како Виш аналитичар во скопска полициска станица е лишено од слобода под сомнение за сторено кривично дело измама со обележани...

49 годишен Скопјанец нападнат од својот малолетен внук.

Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна...

Полуматуранти славеле крај на основно образование па го запалиле училиштето во Подгорица.

Полуматурантите од основното училиште „Владо Милиќ“ од Подгорица го запалија покривот на таа образовна установа за време на прославата со факели по повод завршувањето...

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Регионалниот центар за управување со кризи – Штип денеска информира дека вчера во 12.30 часот во полициската станица во Берово било однесено неексплодирано убојно...