15.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаОбвинителството ќе чека Финансиска полиција да провери каде завршиле 30.000 евра за...

Обвинителството ќе чека Финансиска полиција да провери каде завршиле 30.000 евра за украсување на Скопје, Арсовска крие кој украсува

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Обвинителството ќе чека Финансиска полиција да провери каде завршиле 30.000 евра за украсување на Скопје, Арсовска крие кој украсува…
Град Скопје крие дали имало ангажирано фирма за новогодишното украсување кое градоначалничката Данела Арсовска кажа дека чини 30.000 евра и зошто не бил распишан тендер, бидејќи законот предвидува дека е обврзана да го стори тоа за набавка над 1.000 евра. А1он вчера испрати прашања поврзани со новодогодишното украсување, но од таму се уште нема никаков одговор.

<

Во меѓувреме, обвинителството вели дека Управата за финансиска полиција е надлежна да ги испита наводите за тоа каде завршиле парите од градската каса. Доколку не го стори тоа, тие ќе оформат предмет и ќе ги извршат проверките.

Со оглед на изнесените наводи во конкретниот случај, Управата за финансиска полиција како орган надлежен за откривање на евентуални кривични дела и контрола на финансиските текови има надлежност да ги испита сите околности и да достави соодветно известување или пријава. Доколку Финансиската полиција не постапи, обвинителството ќе оформи предмет и ќе нареди да се извршат сите проверки“, рекоа од обвинителството.

Градоначалничката Данела Арсовска пред десетина дена на Фејсбук најави дека украсувањето на градот ќе чини 30.000 евра, но од тогаш нема никаква друга официјална информација.

„Некој треба да одговори како трошел по фирмички за китење годишно помеѓу 90.000 и 245.000 евра за украсување, пари на граѓаните кои завршувале во приватни џебови, а сега градот се кити за 30.000 евра.“, напиша Арсовска за новогодишното украсување.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...