14.9 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонскиот јазик влезе меѓу десетте светски јазици на Вселенската патријаршија

Македонскиот јазик влезе меѓу десетте светски јазици на Вселенската патријаршија

Вселенската патријаршија и годинава за Божик го објави Посланието на Патријархот Вартоломеј на македонски јазик.

– Можеме со право да тврдиме дека насилството е грев над гревовите. Тоа е целосна спротивност меѓу нашата создадена природа и нашиот натприроден повик за трагање на љубовно единство со Бога и со нашиот ближен… Мирот претставува вистинско откровение на подлабоката стварност на созданието, согласно со волјата на Бога и на обликот како што го замислил Он според Своите вечни совети“. Мирот не е нешто што е дадено и самосмислено, туку е должност, потфат, постојана грижа и непрекината борба за негово одржување. Не постојат автоматизми и трајни рецепти. Спроти секоја закана за мирот, потребна е будност, волја за решавање на проблемите со посредство на дијалог. Големите херои на политиката се борците за мирот. Ние продолжуваме да ја нагласуваме миротворната улога на религиите, во една епоха кога религиите се подложени на критика, бидејќи, наместо да покажуваат сили на мирот, на солидарноста и на помирувањето, тие го хранат фанатизмот и насилството „во името на Бога“. Тука станува збор за извитоперување на религиозната вера, а не за феномен што природно произлегува од неа. Искрената верба во Бога е најстрогиот судија на религиозниот фанатизам. Религиите се природни сојузници на сите луѓе коишто се борат за мирот, за справедливоста и за заштитата на тварта од човечката катастрофа, пишува Патријархоот Вартоломеј во своето послание за Божик.

Ова е втора година по ред, како Вселенската патријаршија ги објавува на својата интернет страница Посланијата за Божик и на македонски јазик, откако на 9 мај 2022 година одлучи да ја врати во канонско единство МПЦ-ОА како Охридска Архиепископија, пренесува порталот Религија.мк.

Македонскиот јазик практично е меѓу десетте светски јазици на кои Вселенската патријаршија ги објавува посланијата на Патријархот Вартоломеј.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонски етнолог на страниците на Њујорк Тајмс

Александар Арабаџиев, етнолог произлезен од Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ, УКИМ и мултиинструменталист со потекло од Радовиш, е учесник во ново меѓународно...

Османи: Влада со нелегитимни Албанци е исто како и влада без Албанци

Влада без легитимни Албанци е исто како Влада без Албанци, порача Бујар Османи од ДУИ во гостувањето на Канал 5 во „Само Интервју“. Тој...

Игор Југ: Еден од „реформаторите“ бараше од мене да го наместам Груевски за 27 април и веднаш да бидам ослободен од затвор!

Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за голготата која ја помина откако неправедно беше осуден на...

Османи: И Заев велеше дека нема да прави влада со ДУИ

Стана тренд дека ако правите кампања против ДУИ ќе ја добиете поддршката на македонскиот народ. И Заев велеше дека нема да прави влада со...