17.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонија"Миле Паника": Би сакал орденот од Пендаровски да немаше „Северна“

“Миле Паника”: Би сакал орденот од Пендаровски да немаше „Северна“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот Стево Пендаровски ги одлекуваше со ордени за посебни заслуги членовите на „К-15“ триото – Љупчо Каров, Бранко Огњановски и Васко Тодоров.
Огњановски, популарен во јавноста по ликот „Миле Паника“, упати благодарност до претседателот, но на социјалните мрежи спомена и дека би сакал на медалот да го нема зборот „Северна“.
– Претседателот Пендаровски не одликуваше со Медал за заслуги за Република С. Македонија. Му благодарам за оваа престижна награда.
Ова признание не би било можно без подршка, инспирација и работа на многу луѓе со кои го делевме ова долгогодишно патување. Им благодарам на сите соработници кои беа со мене во сите овие години, на целото семејството и пријателите кои секогаш беа покрај мене и ме поджуваа кога беше тешко но и се смееа и радуваа на успесите. Особено им благодарам на Васко и на Бубо без кои овој успех немаше да се случи.
Хуморот има моќ да ги спојува луѓето, да ја лечи душата и да ги осветли и најтемните моменти. Со К-15 се трудевме да донесеме насмевка на лицата на гледачите и покрај предизвиците и тешкотиите (читај сите срања) кои секојдневно ги живееме.

<

И затоа, овој медал не е признание само за нас како поеднци, туку за целата наша публика, за сите кои се смееа заедно со нас, кои го препознаа нашиот хумор и кои ни помогнаа заедно да дојдеме до ова дереџе.

Ви благодарам на сите.

П.С. (би сакал да го нема ова „С“ во објавава, но така пишува на медалот, иако заслугите ни се во време кога бевме Република Македонија), напиша Огњановски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...