16.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаНАЦРТ-ДОКУМЕНТ ОД СОФИЈА Бугарија со одредени услови ги поддржува преговорите за членство...

НАЦРТ-ДОКУМЕНТ ОД СОФИЈА Бугарија со одредени услови ги поддржува преговорите за членство во ЕУ на Македонија и Албанија

spot_imgspot_img

Категорична е нашата поддршка за членството на Македонија во ЕУ, бараме целосно почитување на Договорот за пријателство и добрососедство, примена на историската вистина и запирање на говорот на омраза. Ова се главните точки во нацрт-декларацијата на Бугарија за добивањето на датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Софија во овој документ го повикува Скопје ефективно и без одложување да ја применува добрата воља за спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан од премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев на 1 август 2017 година, пренесува БГНЕС.

„Бугарија настојува на разбирање на историската вистина за заедничката ни историја, која нашите две држави народи ја споделуваат… Да се придржуваме до договореното, постигнатото во рамките на работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историските и образовните прашања“, пишува во документот.

Во нацрт-декларацијата се настојува да се сопре секаква форма на говор на омраза кон Бугарија и кон граѓаните на Северна Македонија со бугарска свест, вклучително и во медиумите, написите на спомениците и др.

Во однос на Албанија, Софија бара максималнио да се гарантира правото на бугарското националлно малцинство да се изучува бугарскиот литературен јазик како мајчин јазик во регионите каде што тоа малцинство живеее – Голо Брдо, Гора, Преспа, Корча, Елбасан, Кукс… Се бара и пребројување на населението според европските стандарди за да може објективно да се отслика етничката припадност.

„На оваа основа и под овие услови Народното собрание на Бугарија ги поддржува предпристапните преговори за членство во ЕУ на Република Северна Македонија и Република Албанија“, пишува во нацрт-декларацијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...