23.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаСопругата на Штекли меѓу обвинетите за шверц на крадени луксузни коли

Сопругата на Штекли меѓу обвинетите за шверц на крадени луксузни коли

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Обвинителството денеска соопшти дека поднело обвинение против 18 луѓе и еден автосалон од Кочани за шверц на крадени луксузни автомобили.

<

Телма дознава дека меѓу обвинетите е и сопругата на Раде Трајковски Штекли, српска државјанка со престој во Македонија. Штекли, кој се поврзува со низа кривични дела, во август и во октомври годинава избегна два обиди за убиство на иста локација – во Ист Гејт Мол во Скопје.

Петмина од обвинетите се вработени во МВР – референти во Одделението за управни работи – Скопје.

Обвинетите се товарат дека од 2020 до 2022 година, со фалсификувани документи, во Македонија внесувале луксузни коли, крадени во различни европски земји, и ја избегнувале царинската контрола. Автомобилите со променет број на шасија ги регистрирале со македонски таблички, а потоа, за да ги скријат трагите, за кратко време по неколкупати ги препродавале од еден на друг. Вработените во МВР во целиот тој период им издавале на другите обвинети регистарски таблици и сообраќајни дозволи спротивно на Законот за возила и со употреба на фалсификувани документи.

„Автомобилите, од кои најголем дел биле предмет на меѓународни потраги, се набавувале во различни европски земји и се внесувале во земјава со променети идентификациски броеви на шасиите и со фалсификувани документи за да им се прикрие потеклото. Потоа обвинетите службени лица од МВР вршеле регистрација на возилата врз основа на лажна документација. По повеќекратната меѓусебна купопродажба, обвинетите трајно ги отуѓувале автомобилите, продавајќи ги на физички и правни лица во државава“, соопшти Обвинителството.

Истрагата обезбедила докази дека овој начин бил искористен за криумчарење на 15 возила со вкупна вредност од над половина милион евра.

Обвинетите беа уапсени летоска. Полицијата тогаш соопшти дека колите биле крадени во Србија, БиХ, Белгија, Луксембург, Данска, Германија, Шведска, Велика Британија и Бугарија.

Дел од медиумите тогаш објавија дека меѓу уапсените има газди на познати скопски ноќни локали, газда на менувачница и сопственик на фабрика за колачи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...