20.9 C
Ohrid
недела, мај 19, 2024
ПочетнаМакедонијаИмплементирање на концептот на циркуларна економија за одржлив и ефикасен економски систем

Имплементирање на концептот на циркуларна економија за одржлив и ефикасен економски систем

Имплементирање на концептот на циркуларна економија за одржлив и ефикасен економски систем

Уште на првата страна во секој учебник по ,,Основи на економија” стои дефиницијата за тоа што е всушност економијата.Од таа дефиниција најважна е констатацијата дека ресурсите се ретки и ограничени од што произлегува нивното ефикасно ползување.Имено, концептот на ефикасноста во основа се однесува на помали трошења (тенденција да со помал импут се добие поголем аутпут).Оттука,ефикасноста е една од најважните компоненти за истражување меѓу економистите.Имајќи ја во предвид горенаведената ограниченост на ресурсите во денешниот динамичен и глобализиран свет се актуелизираат прашањата на оржлив развој и циркуларна економија.
Имено, циркуларната економија се дефинира како алтернатива на традиционалната линеарна економија во која се користат ресурсите што е можно подолго, со цел максимално да се искористи нивната вредност, преку обновување, реупотреба, регенерирање или рециклирање на материјалите на крајот од животниот век на производите.(Извор: European Enviarmental Agency)
Од оваа дефиниција, евидентно е дека доколку се имплементира овој концепт, по автоматизам ќе имаме подобри перформанси на неколку клучни економски столбови и тоа:
А) Одржливост;
Б) Иновативност;
В) Продуктивност;
Имено, со самото тоа што материјалите се задржуваат подолг период во процесот, тендирајќи притоа максимално нивно искористување се подобрува одржливоста на производството како фундамент на економскиот систем.Понатаму, земајќи го во предвид фактот дека за имплементирање на овој модел потребна е подобра технолошка опременост на капацитетите ќе се зголеми иновативноста,што ќе има позитивно влијание врз продуктивноста во македонската економија.Меѓутоа, со цел да имаме системски пристап во оваа реформа неопходна е добра стратегиска поставеност најпрво како сегмент на економската политика,потоа стратегиски и програмски документи како и кадровска екипираност на институциите.
Во прилог на овој текст како емпириски пример го имаме и циркуларниот бизнис модел на DS Smith во чија структура на моделот има рециклирана хартија.
Во глобални рамки циркуларен бизнис модел е Circos кој што е од областа на текстилната индустрија.
Она што е важно за развојот на циркуларната економија во нашата земја е системска поддршка за развој на овие бизнис модели како и креирање на поголема сввесност за бенефитите на истите. Имено, во било кој економски сегмент, во било кој економски модел многу важен фактор се очекувањата. Во насока на циркуларната економија со цел поставување на долгорочна траекторија и континуитет за развој на циркуларната екмономија многу важба е довербата и нивото на позитивни очекувања за користите од циркуларната економија за населението, бизнисите и општеството во целина.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ален Деребан: Почитувани стружани, во среда има прегласување, не далат само 300 гласа за уште еден пратеник !

Почитувани стружани, Врз основа на одлуките донесени од Државната изборна комисија (ДИК), потврдени од Управниот Суд, на ден 22.05.2024 година (среда) гласањето ќе се повтори...

Трагично згасна животот на 18 годишен матурант во Македонија

Средното стручно општинско училиште „Моша Пијаде“- Тетово со емотивна објава се прости од својот матурант Елдон Шабани чиј живот згасна на трагичен начин. – Со...

Марија на матурската забава во Берлин се појави во македонска народна носија!

Марија на матурската забава во Берлин се појави во македонска народна носија! Марија со нејзините родители Игор и Бети Кирески со потекло од Гостивар, живеат...

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...