17.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаКривична за командирката која славеше со „Не може нам нико ништа...“

Кривична за командирката која славеше со „Не може нам нико ништа…“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Синдикат на македонска полиција до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Маја Комненовиќ-Миленковска, вработена во МВР првично како полицајка, а потоа унапредена на работно место командир на полициското одделение Мирковци при СВР Скопје.

<

Дејан Саздов, претседателот на Синдикатот на македонската полиција вели дека во нејзиното распоредување изоставена е систематизацијата која овде воопшто не се испочитувала и прекршен е законот. Таа унапредувањето го славеше за што сведочи и неодамнешното видео објавено на социјалните мрежи со торта и со песната „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине“.

Синдикатот го повика министерот Спасовски, да каже дали ќе преземе соодветни мерки или и натаму ќе тврди дека во МВР се работи според законските прописи и подзаконски акти. Саздов прашува зошто се унапредуваат кадри во МВР без да ги исполнат условите кои ги налагаат Законите и систематизацијата.

„Не е по систематизација од полицаец да станете виш инспектор, па потоа в.д. командир. Поднесовме кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување со тоа имаме поднесено и докази, а имаме и сведоци“, вели Саздов кој го повика Обвинителството да постапи и да реагира по поднесената кривична пријава.
Се работи за случајот со унапредувањето на внуката на актуелниот градоначалник на Општина Чучер Сандево во командир на ПО Мирковци. Таа беше актуелна со видеото на социјалните мрежи на кои ја пее „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине“ пред специјално изработена торта за унапредувањето додека и дава пари на музиката.

СМП тврди дека станува збор за сомневања за злоупотреба на службена положба и овластување со цел на стекнување корист за себе и друг, а на штета на други (вработени).

„Пријавената раководителка постапила надвор од границите на своето овластување со кое во никој случај не смеела и не можела да супсумира сила која е појака од Законот за јавните набавки, Правилникот за распределба,користење, одржување и обновувања на возилата на МВР и Законот за спречување на корупција. Со ваквото непрофесионално дејствие, командирот при искористување на функцијата постапила спротивно на членовите 7, 10 и 14 од Законот за внатрешни работи“, соопштија денес од СМП.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...