5.9 C
Ohrid
недела, мај 12, 2024
ПочетнаМакедонијаВо Кичево Алек Хлоупек втор пат по ред најсреќен, Бог се јави,...

Во Кичево Алек Хлоупек втор пат по ред најсреќен, Бог се јави, за многу години!

Денеска во Кичево на свечената манифестација по повод Богојавление Водици втор пат по ред најсреќен беше Алек Хлоупек (25) кој го извади светиот Крст од осветените води. На овој настан учествуваа вкупно 34 скокачи.
Прекрасно е чувството да се биде дел од оваа манифестација, учествувам повеќе години, но ете среќата повторно ме сакаше и втор пат по ред светиот Крст дојде до моите раце. Очекувам во иднина многу повеќе пред се млади луѓе да земат свое учество бидејќи ова за мене а верувам и за сите е најблагородна работа која може човек да си ја дозволи, Водици за мене е најголемо духовно исполнение, Бог се јави, да сте живи и здрави – на кратко за Порта.мк истакна младиот Хлоупек.
Општина Кичево, Кумовите фам. Силјаноски и генералниот спонзор „Зегин“ и оваа година го даруваа Хлоупек со паричен ваучер и скромни поклони, посакуваќи му многу здравје, среќа, љубов и бериќет.

Што се однесува до оваа величествена манифестацијата, оваа година само едно девојче учествуваше, тоа е Јована Кузманоска. Таа беше дел и од минатите „Водици“.

Преку нашиот медиум благодарност упатуваме и до Виктор Алексоски кој аудио ја покри манифестацијата.

Во продолжение ексклузивно погледнете ги видео записите, како и фотографиите од Кичево, каде оваа година имаше рекорден број посетители.

Во с.Другово исто така втор пат по ред светиот Крст го пронајде Љубиша Дојчиноски

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот на слобода

Укината е пресудата изречена за двацата поранешни директори на Клиничкиот центар во Тетово, Артан Етеми и Флорин Бесими кои добија условни казни затвор, а...

Ковачевски заминува, СДСМ во јуни ќе бира претседател и раководство

Ковачевски заминува, СДСМ во јуни ќе бира претседател и раководство. Изборите во кои доживеаја катастрофален пораз, причина социјалдемократите да заминат на брзи внатрепартиски избори....

Во Струмица се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка

Во Струмица денеска се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка, која на Градскиот плоштад беше донесена од храмот „Свети Григориј Палама...

Стево ми ѕвонел, ама телефонот сум го оставила дома

Немав многу време да го следам говорот на господинот Стево Пендаровски, но фатив неколку инсерти. Рекол дека ми ѕвонел на телефон за да ми...