12.9 C
Ohrid
понеделник, март 31, 2025
ПочетнаМакедонијаЗамрзнатите цени на храната се темпирана бомба – може ли да нѐ...

Замрзнатите цени на храната се темпирана бомба – може ли да нѐ снајде „иде Дунав“?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владината мерка за замрзнување на цените на одредени прехранбени производи може да има непредвидливи последици за економијата и стандардот на граѓаните, предупредуваат економисти и стопанственици.

<

Тие велат дека оваа мерка е краткорочна и неадекватна, бидејќи не ги решава проблемите со снабдувањето и побарувачката, туку само ги одложува и ги зголемува.
Според економистите, замрзнувањето на цените е погрешен потег, којшто може да доведе до неконтролиран пораст на цените по неговото укинување.

Тие велат дека во меѓувреме трговците може да увезуваат производи со пониски цени од замрзнатата цена и да создаваат резерви, коишто потоа ќе ги продаваат по повисоки цени. Исто така додаваат дека оваа мерка не е поврзана со законот за нефер трговски практики, којшто не може да ги спречи злоупотребите на трговците.

„Тоа што треба да го контролира државата не смее да штети на економијата и да се става на грбот на граѓаните. Оваа мерка е предизборно однесување наменето за граѓаните, а на штета на бизнисите“, коментираат економистите.

Стопанствениците, пак, велат дека македонската економија е мала, отворена и увозно зависна и дека секое од глобалните нарушувања како на пазарот на енергија и храна, се одразува на домашната економија.

Тие велат дека е потребно сериозно менаџирање на овие ефекти и капацитет за компензација на штетите на оние коишто немаат можност да го апсорбираат надворешниот економски монетарен шок.

„Соочени сме со значително зголемување на инфлацијата, коешто ќе има негативни последици за куповната моќ на граѓаните, но и за конкурентноста на домашните фирми. Затоа, потребно е да се преземат мерки за стабилизација на цените, а не за нивно замрзнување“, коментираат стопанствениците.

Владата, од друга страна, го брани своето одлучување и вели дека целта на мерката е да се заштитат граѓаните од нефер трговски практики и да се спречи спекулативно зголемување на цените.

Оттаму велат дека мерката ќе трае до донесувањето на законот за нефер трговски практики, којшто треба да ги регулира односите меѓу производителите, трговците и потрошувачите. Владата исто така вели дека мерката е во согласност со европските препораки и дека не ја загрозува економската стабилност.

– Верувам дека пратениците на крај на мандатот ќе се одважат и ќе го донесат законот. Мислам дека тоа не е битно за ниту една влада, туку е важно за граѓаните. Затоа, еве, уште еден повик наредните два месеца, кога нема да има друг притисок зашто Владата нема да носи нови закони, пратениците да ги поминат сите останати закони кои се во собраниска процедура подолго време – изјави пред неколку дена вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

65 годишен охриѓанец фрлал со камења по случајни минувачи..

На 30.03.2025 во 11.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „15 Корпус“ бил нарушен јавниот ред и мир од страна на...

Казнет возачот кој со Ауди возеше по тротоар на Бит Пазар!

На 31.03.2025 полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа и извршија службен разговор со Л.М. од Скопје, затоа што со патничко возило “ауди” со...

Вујко и внук спасувале деца кобната ноќ во Кочани

Како изминуваат деновите од трагедијата во Кочани, така на социјалните мрежи и во медиумите дознаваме за нови досега неспомнати херои за кои во јавноста...

Приведен малолетник, со мопед удрил во полицаец

Малолетник синоќа е лишен од слобода откако со мопед удрил полицаец. Малолетникот бил сопрен за контрола од полициски службеници на ОВР Неготино, но го...