4.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаДиректор вработил градинар во училиште со целосно асфалтиран двор

Директор вработил градинар во училиште со целосно асфалтиран двор

Директор вработил градинар во училиште со целосно асфалтиран двор и неписмени наставници кои измислуваат новокомпониран македонски јазик, откриваат родители на ученици во Оснивното Улилиште “Ристе Ристески” во селото Долно Косоврасти, Општина Дебар.
Профилот на Месната заедница на Долно Косоврасти објавува низа аномалии во основното училиште каде директорот освен што толерира неписмени напишани училишни документи, вработува луѓе на измислени и непотребни позиции и толерира неодржување на часови за учениците.

,,Со оглед на високата пополнетоста со стручен кадар, бараме да се дешифрираат овие оценувачки листови или пак се работи за новокомпониран македонски јазик кој родителите не го научиле. Секако нема да не чуди, ако се работи за некоја иновација, бидејќи “иновациите” им стануват навики.
Ве прашуваме дали некој ги гледа овие Оценки? Дали нешто Ви значат и некој ги гледа при изработка ? Дали освен copy- paste правите и нешто друго, или повторно ќе се обидете да релативизирате и да кажете до програмата е, ова е само ситница и сл. Има ли директор училиштево или предвремено се пензионира”, прашува во јавната објава Месната заедница на селото Долно Косоврасти.

,,Па децата Ви се смеаат 😅..
Поразително е што од образовна институција произлегува ова писание, па ако некаде има и на друго место, Ве молиме испратете за да се утешиме и да не бидиме “секогаш во врвот по иновации”, објавува Месната заедница на селото Долно Косоврасти од каде иронично укажуваат на уште една најголема иновација.

,,Во нашето училиште има ➡️ Работно место: Градинар, а при тоа целокуниот школски двор е асфалтна површина. Кои се работните задачи од ова работно место ги знае само директорот.

Пред извесен период беше избран претставник на родителите кој воедно беше и избран за Претседател на училишен совет, во една провидна игра (со агитирање) во кој сега, а и понатаму ќе се гледа целта на ваквиот избор и наместо реакција сега кога вака јавно им прават вакви писанија на нашите ученици реакцијата изостанува, а при тоа ја потценуваат интелегенцијата на родителите”, се вели во објавата.

,,Затоа кога нема реакција од најповиканите тука сме ние кои нема да премолчуваме на:

– Недржењето на часови (ова посебно се однесува од VI до IX одд) кое зависи од волјата и расположението на наставниците. Секоја чест на исклучоците кои се помалку ги има

– Непотизмот кој како никогаш го достигнува врвот

– Клиентелизмот за секој да си удоволи на личните потреби

Затоа со ова сакаме одблиску да им укажеме на Министерство за образование и наука | Биро за развој на образованието какви се состојбите и да ги прашаме до кога ќе се толерираат овие состојби”, стои во реакцијата на месната заедница која ја прозива и
Општина Дебар за тажната реалност во овој преубав крај на Македонија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...