20.9 C
Ohrid
вторник, август 5, 2025
ПочетнаМакедонијаБитиќи: Јас и моето семејство сме сликани за пасош пред 32 дена...

Битиќи: Јас и моето семејство сме сликани за пасош пред 32 дена и уште не сме ги добиле, лага е дека немало обрасци, ВМРО-ДПМНЕ блокира

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

БИТИЌИ: Јас и моето семејство сме сликани за пасош пред 32 дена и уште не сме ги добиле, лага е дека немало обрасци, ВМРО-ДПМНЕ блокира
Јас и моето семејство сме сликани за пасоши пред 32 дена и се уште не сме ги добиле. Јас не сум му се јавил на министерот за внатрешни работи и нема да го сторам тоа, туку ќе чекам, рече вицепремиерот за економски прашања во Владата, Фатмир Битиќи, во денешното гостување на ТВ24.

<

– Слепилото коешто настанува кај ВМРО-ДПМНЕ за да дојде на власт нема мерило. Само што дојде министерот, рече дека имале 50.000 фиктивни јавувања и термини, и првото прашање што јас го поставувам и би го поставил секој, како одеднаш ги фатиле тие 50.000 фиктивни термини? Дали можеби тие 50.000 фиктивни термини не се нивна заслуга и тоа е инструирано, за да падне целиот систем. Некој вртел цело време, намерно, а последицата од тоа е пад на системот. Значи, некој сака да направи атак на системот, и кога тој истиот ќе дојде на власт, да рече еве ја сум магионичарот, рече Битиќи.

Тој потенцираше дека и за обрасците за пасош повторно се политичките игри на ВМРО-ДПМНЕ и дека не е вистина дека немало доволно обрасци.

– Не е вистина дека немало доволно обрасци. Има една многу интересна работа, во 7.30 се затвораат пунктовите за сликање. Ама, имало друг список во 7.45 за сликање каде доаѓаат и се редат од 7.45 до 9 навечер, тоа е другиот список, оној „сваровски“ список. Ова го кажувам јавно, затоа што во ВМРО-ДПМНЕ и да се променети луѓето, манирите им се исти. Затоа и ќе бранам сѐ што сум направил, сѐ што моите колеги имаат направено, сѐ што СДСМ има направено затоа што сме далеку подобри и повеќе си ја сакаме оваа држава од оваа група на луѓе која се обидува да дојде на власт, рече Битиќи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Претрес во Стојаково, во пластеникот кај пиперките имал посадено Марихуана.

Претрес во Стојаково, пронајдена дрога, кривична пријава и притвор за едно лице СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Т.К.(65)...

Поднесени пријави против лицата кои дивееја со автомобил по скопските булевари

Поднесени пријави против лицата кои дивееја со автомобил по скопските булевари Во врска со видео записот што беше споделен на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни...

Меријен Илич која има македонско потекло е трета најбогата жена во светот со 6.9 милијарди долари.

Меријен Илич, сопруга на Мајк Илич, еден од најбогатите Македонци во светот е прогласена за трета најбогата жена. Богатството на Меријен, според „Boardroom“ е...

Министерот Тошковски: Ќе се прекине партизацијата во МВР, ќе има маалски полицајци

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на „Вести Плус“ порача дека ќе се прекине партизацијата во МВР, а институциите ќе функционираат врз...