24.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаТошковски: Максимум може да се направат по 3.000 пасоши дневно, до Нова...

Тошковски: Максимум може да се направат по 3.000 пасоши дневно, до Нова Година ќе завршиме

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на ТВ Сител рече дека дневно може да се изработат само по 3.000 нови пасоши, но во оптимизирани услови.

<

„Имаме две машини со дневен капацитет., кој се надевам дека ќе го оптимизираме, за околу 3.000 пасоши дневно. Но најважно е да не го изгубиме континуитетот, динамиката во испораката на обрасците. Ако има печатење на пасоши од тип Б со други јазици, ќе биде под 2.800, така е побавно“, рече меѓудругото Тошковски.

Неговите математички прогнози кажуваат дека пасошите ќе се обноват до Нова Година доколку се биде во ред со машините и испораката на обрасците.

„До Нова Година ќе може да се стаса, имаме отприлика околу 10 месеци, но само ако се зголеми капацитетот, барем минимално, и ако ги имаме обрасците – ќе може да ги обновиме оние пасоши 650.000 со старото име.
Уште една машина не може да се обезбеди, затоа што сега се избори, а таа постапка трае долго врме. Ако работиме 25 дена во месец, по 3.000 на ден, тоа е 75.000 месечно. Со оваа бројка ќе може да се обноват“, рече Тошковски.

Техничкиот министер рече дека денеска добил допис од Брисел дека ЕУ нема да прави проблеми доколку македонските граѓани би требало да патуваат со македонски пасоши со староито уставно име и ги повика пратениците во Собранието да го изменат законот за патни исправи.

„Денеска добив написмено информација каде комитетот за патни исправи на Европската комисија одржал состанок, ми беше најавено од белгискиот амбасадор. Ќе имаат разбирање за проблемот и ќе бидат максимално коректни и воздржани во однос на нашите граѓани. Нашите граѓани кои се надвор од Македонија,70.000 се со старото име во Германија, тоа го имаат Германците како податоци, ние го немаме. Тие без проблем ќе може да отидат во Унгарија и Чешка, ама нема да можат да излезат од Македонија ако дојдат дома. Европскиот комитет дава мислење до земјите да имаат разбирање. А ние што правиме – Само Макеоднија, освен Грција, ќе крши основно човеково право на слобода и движење, заради тоа што пратениците од владеачката структура – од СДСМ и ДУИ, не сакаат да стиснат едно копче“, рече тој.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...