27.9 C
Ohrid
четврток, август 7, 2025
ПочетнаМакедонијаКривична пријава и дисциплинска постапка против полициски службеник од Крушево кој несовесно...

Кривична пријава и дисциплинска постапка против полициски службеник од Крушево кој несовесно уништил службена документација.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кривична пријава и дисциплинска постапка против полициски службеник кој несовесно уништил службена документација.

<


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал, поднесе кривична пријава против З.Н., полициски службеник во Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“, казниво по член 390 од Кривичниот законик.

На 20.02.2024 во гаражата на ОВР Крушево, каде што биле одложени на чување службени материјали за чување во картонски кутии, земал дел од кутиите со службени материјали, меѓу кои имало и документи со одреден степен на класификација, и ги фрлил во приколка на Ј.П. „Комуна“, која во тој момент вршела редовно подигање на смет, со што уништил книги или спис што му припаѓаат на државен орган ОВР Крушево.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за пријавениот поднесе и предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Авион на WizzAir удрил во јато птици при полетување од Скопје.

Авион на нискобуџетната авиокомпанија „Wizz Air“, кој вчера полетал од скопскиот аеродром кон Базел, бил принуден итно да се врати и слета на Меѓународниот...

Струшката полиција во угостителски објект во с.Велешта, пронајде 6 девојки од Албанија.

На 07.08.2025 во угостителски објект во струшкото село Велешта, полициски службеници од СВР Охрид, ОВР Струга, полициското одделение во селото Велешта и од Регионален...

Раде Штекли имал халуцинации, му се причинило дека го следи Албанската мафија??!

На денешното рочиште за случајот „Штекли“, поврзан со организирана продажба на дрога во скопската населба Аеродром, четворица обвинети – Данчо Масев, Димитар Трајков, Владимир...

Казнети 46 возачи на електрични тротинети

Во текот на вчерашниот ден (06.08.2025), во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи...