20.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаЈакимовски: Ми го прават истото што му го прават на Трамп

Јакимовски: Ми го прават истото што му го прават на Трамп

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Градоначалникот и кандидат за претседател на Македонија, Стевчо Јакимовски на вонредна прес конференција доцна вечерва изјави дека е изненаден од одлуката на Стејд Департментот за ставање на црната листа.

<

Тој вели дека ќе поднесе кривична пријава против непознато лице, за неговото додавање на црната листа. Вели дека ова е директно мешање во изборниот процес.

Ова е само потврда дека мојата политика е исправна и во одбрана на македонските национални интереси. Ме ставаат во ист кош со нивниот бисер и срам Катица Јанева која правеше истраги и ништо не најде за мене. Колку предлогот на кодошите од Македонија бил студиозен покажува фактот, што мртвиот маж на Катица Јанева е ставен на црната листа, може да видите колку таа одлука е паушална. Ниту сум ранел ниту сум школувал деца со арам пари“, изјави вечерва Стевче Јакимовски

„Донал Трамп има 113 кривични пријави, сценариото таму од длабоката држава е или да го оневозможи да учествува на изборите, да го стават во затвор или да го убијат. Истото сценарио се случува во Унгарија против Виктор Орбан против Вучиќ и против мене. Ова е директно мешање во внатрешните односи на Македонија во извор на претседател и тврдам дека не може никој да ни каже кој ќе ни ја води Македонија“, додава Јакимовски.

Американскиот Стејт Департмент денеска ги стави на црна листа поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и градоначалникот на Општина Карпош и претседателски кандидат на претстојните избори Стевчо Јакимовски. По повод означувањето, од Стејт Департментот велат дека двајцата со нивните дејствија го поткопале владеењето на правото и довербата на јавноста во демократските институции. Амбасадорката на САД Ангела Агелер изјави дека денешнoто означување на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и актуелниот претседателски кандидат и градоначалник Стевчо Јакимовски никого не треба да изненадуваат. Во оваа група на црната листа е ставен и поранешнуиот градоначалник на Качаник во Косово Џабир Жарку.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...