Индијците кои веќе пристигнаа и работат во хотелските и угостителските објекти во Охрид се задоволни од условите. Овде заработуваат двојно повеќе во споредба со нивната земја јавува Твм.
29 годишниот Џетиндер Бенс од Индија, веќе еден месец работи во хотел не брегот на Охридското Езеро. Вели му се допаѓа земјава, односот на колегите и луѓето. Задоволен е и од платата, овде вели заработува двојно повеќе пари отколку во неговата земја, каде просечната плата е од 200 до 250 евра.
Охридското Езеро. Вели му се допаѓа земјава, односот на колегите и луѓето. Задоволен е и од платата, овде вели заработува двојно повеќе пари отколку во неговата земја, каде просечната плата е од 200 до 250 евра.
Јазикот не му е проблем, бидејќи на англиски комуницира со сите.
„ Веќе еден месец работам во хоотел. Луѓето се сите добри. Се е во ред. Македонски јазик не разбирам но на англиски се разбираме. Планирам да останам можеби три години или две и пол години. После тоа планирам да заминам во Канада”, вели Џетиндер Бенс работник од Индија.
Во хотелот моментално се 13 колеги од Индија. Поголемиот дел ќе бидат ангажирани во кујна помошници, говачи, хигиеничари и собарки, но и келнери. Велат заминале илјадници километри од сопствениот дом за да стекнат нови работни и животни искуства, но и подобра плата.
Извор-Твм