21.3 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонијаШуга откриена кај Хрват кој престојувал во Македонија

Шуга откриена кај Хрват кој престојувал во Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Најчести пријавувани акутни заразни заболувања во февруари биле овчите сипаници – 661, по што следуваат ентероколитиси – 207, па пертусис или големата кашлица – 120 случаи, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје. Во текот на февруари, пристигнати биле две пријави за заразно заболување за ентероколит кај странски државјанин од Шведска и шуга кај странски државјанин од Хрватска, кои престојувале во Македонија.
„Во однос на претходниот месец – јануари, се регистрира намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 26,8 отсто, додека во однос на месец февруари 2023 година, се регистрира намалување за 5,6 проценти. Во однос на претходниот месец јануари, се регистрира зголемување на бројот на заболени лица од ентероколити за 27 проценти, додека во однос на месец февруари 2023 година, се регистрира зголемување за 88,2 отсто“, пишува во извештајот.

<

Во февруари пријавени се и четири случаи потврдени на ХИВ и еден на СИДА, од машки пол, кои се на возраст од 20 до 39 години.

„Пријавен е еден смртен случај од СИДА, пријавен како заболен во 2018 година, од машки пол, кој припаѓа на возрасната група од 35 до 39 години. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи, заклучно со 29 февруари, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Северна Македонија, за периодот 1987–2024, изнесува 645 и тоа – 127 лица починале, 518 лица живеат со ХИВ/СИДА“, се вели во извештајот на ИЈЗ.

Пријавени се вкупно и 49 случаи на ковид-19 во текот на февруари.
Mkd.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...