1.9 C
Ohrid
недела, ноември 24, 2024
ПочетнаМакедонијаВИДЕО од нападот на новинарот Фуркан Салиу

ВИДЕО од нападот на новинарот Фуркан Салиу

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево веднаш бил известен за нападот врз новинарот и ги даде сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на случајот.
Додека подготвувал сторија за извршителката Весна Јакимовска, нападнат бил физички новинарот Фуркан Салиу. Ова го објави тој самиот на Фејсбук. Како што објаснува, веќе неколку месеци работи на стории поврзани со оваа извршителка.

– Чекам да дадам изјава во полициска станица. Снимавме службено, снимавме сторија за извршителката Весна Јакимовска. Таа ни го искрши микрофонот мене ме нападна физички и веруваме дека Обвинителството полицијата ќе бидат праведни и ќе излезе вистината на виделина. Се потврди тоа што го зборувавме со месеци дека жената мисли дека може да прави сѐ што сака, дека може да извршува што сака, а тоа ќе го видите со видео затоа што сѐ е снимено. Микрофонот ми го скршија, ме нападна мене физички, а чекам после потврда и од лекар кога ќе завршам овде во станицата. Морам да ги пофалам и полицајците за нивната коректност. Ќе видите како реагира еден извршител кој си има работа со човечки судбини, ама овде изгледа работи како да ги уништи тие судбини – рече во своето обраќање Салиу.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево веднаш бил известен за нападот врз новинарот и ги даде сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на случајот.

„Предметот е евидентиран во статистиката на пријавени напади врз новинари што ја води Јавното обвинителство и по преземање на сите дејствија ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката“, соопшти попладнево Јавното обвинителство.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осуди денешниот физички напад.
„Овој скандалозен настан следува по серијата истражувачки стории поврзани со извршителката од страна на ПорталИкс и Салиу, кој денеска при земање на изјава од извршителката бил физички нападнат од неа и притоа се здобил со повреда на раката но и скршен микрофон од неговата опрема. Колегата Салиу на местото на настанот повикал полиција и во моментов дава исказ во полициската станица. За овој настан известен е и обвинител од Кичево. ЗНМ веднаш стапи во комуникација со контакт точките во МВР и ОЈО поврзани со вакви случаи за да го следи случајот одблизу. Контакт точките, односно лицата во МВР и ОЈО се од голема важност во контекст на брза и ефективна комуникација со ЗНМ кога станува збор за повреда на право на новинар или медиумски работник и овозможува поголема институционална заштита. Потсетуваме дека напад на новинар или медиумски работник при вршење на професионални задачи е кривично дело каде што МВР и ОЈО имаат обврска да постапуваат по службена должност. Бараме од МВР и ОЈО да спроведат брза и ефикасна истрага во интерес на санкционирање на напаѓачот, во овој случај извршителката Јакимовска“, соопшти ЗНМ.

Реакција пристигна и од ССНМ:

„Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници со огорченост ја прими информацијата за физички атак на извршителката Весна Јакимовска од Кичево врз колегата Фуркан Салиу од ПорталИкс. Особено веста за телесните повреди кај колегата и уништувањето на дел од нивната опрема при вршењето на новинарската секојдневна пракса не поттикнува да бараме итно разрешување на овој инцидент. ССНМ смета дека вакво однесување на лица кои треба да спроведуваат делови од правниот систем во земјава кон тие што се будно око на општеството е за брза постапка на надлежните и во тој контекст со задоволство ја дочекавме веста за брзата реакција на Основното Јавно обвинителство во Кичево кое по известувањето за настанот ги издаде потребни наредби и насоки за расчистување на случајот. Според нашите сознанија предметот е евидентиран во статистиката на пријавени нападнати новинари што ја води Јавното обвинителство. Од таму и најава за брзо дејствување со цел да биде донесена брза одлука за натамошниот тек од постапката. Кога целиме на итна реакција со должност потсетуваме дека во Кривичниот законик е впишан членот со кој нападот на новинар се третира како напад врз службено лице и обвинителството нема пречка да отвори предмет по службена должност и да го гони напаѓачот. Со надеж дека колегите ќе бидат и заштитени, и ќе имаат сатисфакција за нанесените повреди и штета, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници предупредува дека употреба на сила врз членови на заедницата која врши професија информирање и која е од јавно значење од страна на лица кои треба да спроведуваат судски одлуки може да биде протолкувано како отворање на повик за насилство и од други професии. А, нам ни престојат избори во кои новинарите одново може да бидат најлесната мета, состојба на која предупреди и мисијата за мониторирање на изборите, ОБСЕ/ОДИХР“, соопшти ССНМ.

Новинарот Салиу вечерва објави и видео од нападот:

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...

Автопатот Кичево Охрид ќе се прави и во зима !!!

Денес заедно со министерот за транспорт Aлександар Николски,градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и пратеници во сообранието на Република Македонија извршивме увид во градежните...

Вечерва приведен вработен во Македонски Шуми- Го фатиле како краде дрва !!

Паралелно со производството и пошумувањата низ целата територија на Македонија, ЈП “Македонски Шуми” продолжува со бескомпромисна борба против криминалот, корупцијата и сите нелегални активности...