22.9 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаМакедонијаПоднесена кривична пријава против командир‼️

Поднесена кривична пријава против командир‼️

Поднесена кривична пријава против командир‼️

Почитувани претставници на медиумите,

Ве известуваме дека Синдикат на Полиција во Македонија до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против лицето Н. Б. (во моментот на сторување на делото бил работно ангажиран како Командир на ПС ОН Крушево, заради постоење на основано сомнение дека истиот сторил кривично дело “Лажно пријавување на кривично дело“ по член 366 од Кривичниот законик.

Имено, постои основано сомнение дека пријавениот Н.Б во својство на службено лице – Командир на ПС ОН Крушево, во времето на вршење на служба иако знаел или требало да знае дека свесно пријавува кривично дело „Оддавање на службена тајна“, иако знаел или требало да знае дека свесно пријавува кривично дело кое вооптшо нема ниту едно битие дека е сторено, злоупотребувајќи ја службената положба како Командир на ПС ОН Крушево на ден 20.03.2024 година пријавил едно кривично дело „Оддавање на службена тајна“, иако знаел или требало да знае дека на ниту еден начин е сторено пријавеното дело, ниту пак има елементи и битија потребни за да биде сторено, а сето тоа го сторил на секаков начин да стори штета на Синдикат на Полиција во Македонија.

Бараме одговорност и од началникот на ОВР Крушево кој очигледно со пропуштање на должен надзор или на друг начин очигледно несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности му дозволил на пријавениот лажно да пријави кривично дело а притоа му нанел штета на правното лице Синдикат на Полиција во Македонија.

Се прашуваме како воопшто е возможно Командир на полициска станица да нема елементарни основни познавања во полициското работење и очигледно и тука станува збор за што ако не ставање на неподобен и неписмен партиски кадар а сето тоа на штета на угледот на Министерството за внатрешни работи.

Ја повикуваме внатрешната контрола во МВР, по допрен глас да го истражи наведеното и против овој неподобен раководител командир да преземе мерки за негово разрешување од позицијата командир на ПС ОН Крушево.

#враќањенапрофесионализмотвополицијата
#новатаеранапрофесионализмот
#силанановотовреме

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...

Сиљановска Давкова назначи нов генерален секретар, познатиот новинар ќе биде негов заменик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и...

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид.

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. -...

Незаконски се гради нов стадион во Тетово, имотот е на државата, а не на општината

Одлуката која што ја донел Советот на Општина Тетово во септември минатата година, со која тетовскиот градски стадион го доделил на трајно користење на...