22.9 C
Ohrid
петок, јуни 27, 2025
ПочетнаМакедонијаСтевчо Јакимовски денеска ја официјализира коалицијата „Храбро за Македонија“, во која ќе...

Стевчо Јакимовски денеска ја официјализира коалицијата „Храбро за Македонија“, во која ќе учествуваат – ГРОМ, Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лидерот на ГРОМ и актуелен градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски денеска ја официјализира коалицијата „Храбро за Македонија“, во која ќе учествуваат – ГРОМ, Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите.

<

„Оваа коалиција се формира за јасно да кажеме дека нема да поддржиме ниту уставни промени, ниту притисоци, ниту уцени – ниту пред, ниту по избори и остануваме цврсто на ставот за разрешување на оние проблеми што вештачки се наметнуваат од страна на нашите партнери“, изјави Јакимовски.
Стевчо Јакимовски, Љупчо Ристовски од Интегра и претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимоски ставија потпис на договорот за заеднички изборен настап.

Целта на коалицијата, како што изјави Јакимовски по настанот, е да им се спротивстави на двете главни политички струи во земјата, кои ги оцени како несоодветни и јасно ќе каже „не“ за уставните измени и за сите притисоци и уцени.
Коалицијата ‘Храбро за Македонија’ се формира со цел да се спротивстави на двете несоодветни политики во Република Македонија, како на овие што се внатре така и на оние што постојано вршат притисок, пред сè на политиката што е спремна сè да предаде само да остане на власт, но во исто време и на политиката што исто така е спремна да предаде, но тоа да биде после изборите и ако може да биде со одложено дејство. Оваа коалиција се формира за јасно да кажеме дека нема да поддржиме ниту уставни промени, ниту притисоци, ниту уцени – ниту пред, ниту по избори и остануваме цврсто на ставот за разрешување на оние проблеми што вештачки се наметнуваат од страна на нашите партнери“ порача Јакимовски.
ФОТО: Илустрација

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...