13.9 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаМакедонијаОд туризмот минатата година Албанија остварила приход од над четири милијарди евра

Од туризмот минатата година Албанија остварила приход од над четири милијарди евра

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Податоците на Централна банка на Албанија потврдуваат дека во текот на 2023 година приходот од туризмот достигнал 4,1 милијарди евра, што е највисок износ остварен до сега, што е факт дека туризмот станува еден од најважните сектори на албанската економија, јави Ора њуз.

<

Доколку се спореди со нивото на приходи во 2019 година, која важеше за најдобра година за туризмот, минатогодишните се речиси двојно повисоки.

Во текот на минатата година Албанија пречека над 10 милиони странски туристи, додека годинава очекувањата се за 13 милиони. Ова се очекува да донесе уште поголем приход за албанската економија. Банката предвидува дека и туристичкиот сектор ќе има влијание врз економскиот раст во текот на оваа календарска година, додека услугите се сметаат за еден од секторите кои ќе придонесат за намалување на невработеноста во земјата, наведува телевизијата.

Во прегледот за последните четири години, во 2019 година остварените приходи во туризмот биле 2,1 милијарди евра, следната година (година на пандемијата со Ковид-19) 989 милиони евра, во 2021 година 1,9 милијарди евра, 2022 година 2,8 милијарди евра и минатата година 4,1 милијарди евра.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицајците во Македонија ќе возат „Пежо 408- МВР купува 120 автомобили

Министерството за внатрешни работи избрало најповолна понуда за набавката на 120 возила за потребите на полицијата, објави порталот 360 степени.. Известувањето е објавено на интернет-страницата...

Ангелов: Почитувани граѓани! Сејфти фрст и честит Илинден!

Поранешниот директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, со својата карактеристична искреност и хумор, денес ја честиташе Илинденската слава на народот со зборовите: „Сејфти фрст и честит...

„Ворлд’с њуз“ од Сиднеј, во 1903: Грците, Србите, Бугарите, па и Ерменците се должници на Македонците

Во секоја војна за слобода што го означила напредокот на еманципацијата во југоисточна Европа, Македонците учествувале. Македонците се бореле рамо до рамо со Грците...

Градоначалникот Пецаков на литургија за Св. Илија во Велгошти: Нека е за многу години!

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денес присуствуваше на утринската литургија по повод големиот христијански празник Св. Илија, во црквата „Св. Илија“ во Велгошти. „Нека е...