13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Во Југославија бевме спејс шатл, море ЛА Лејкерс за Бугарија, Унгарија,...

Ковачевски: Во Југославија бевме спејс шатл, море ЛА Лејкерс за Бугарија, Унгарија, Чешка…

Ковачевски: Во Југославија бевме спејс шатл, море ЛА Лејкерс за Бугарија, Унгарија, Чешка…

Клучното прашање за нашата иднина е продолжување на европските интеграции и полноправно зачленување во ЕУ, рече денеска лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски на прес-конференцијата со првиот човек на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Според Ковачевски, многу држави се подобри од нас само затоа што се земји-членки на ЕУ.

Ковачевски: И јас не сум веќе нешто многу млад. Ние двајцата сме, за разлика од некои помлади ваши колешки овде, кои што немале можност да бидат дел од Социјалистичка Република Македонија, дел од Југославија. Ние бевме спејс шатл за Бугарија, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка…

Глас: Албанија?

Ковачевски: Па добро, Албанија беше еден друг систем, посебен систем. Меѓутоа за овие земји членки на советскиот лагер ние бевме спејс шатл. Ние бевме за нив Лос Анџелес. Не цела Америка, Лос Анџелес.

Азески (mу шепти): Лејкерс

Ковачевски: Лос Анџелес Лејкерс бевме за нив. Само заради тоа што се земји членки на Европската унија, тие сега се подобри од нас.

Ковачевски додаде дека ако генетички биле подобри од нас, ќе биле подобри и тогаш, сè до влезот во ЕУ.

Генетички не се подобри од нас. Ниту се попаметни, ниту имаат подобри ресурси, ниту имаат подобра географска положба. Немале подобра инфраструктура. Соседна Бугарија сега има метро, а порано пат немаше. Затоа европските интеграции се приоритет за економскиот, социјалниот и демократскиот напредок на Cеверна Македонија. Секој што измислува други алтернативни сценарија е губење на време како што гледавме 11 години, истакна претседателот на СДСМ.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...