1.9 C
Ohrid
среда, април 9, 2025
ПочетнаМакедонијаПет години и десет месеци затвор и две години и два месеца...

Пет години и десет месеци затвор и две години и два месеца затвор за двајцата обвинети за грабнувањето на Самоил

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пет години и десет месеци затвор за првообвинетиот Виктор Милановски и две години и два месеца затвор за второобвинетиот Саша Челиќиќ за грабнувањето на Самоил Костадиновски кој исчезна пред една година.

<

Според обвинителството и судот освен овие обвинети во грабнувањето учествувал и Александар Трпковски кој е во бегство и други лица.
Го грабнале оти зел дрога од 4 килограми и не ја платил.

Обвинетиот Милановски заедно со Трпковски, лицето кое се наоѓа во бегство и други непознати лица, извршиле грабнување на Самоил, со закана дека ќе го лишат од живот. Намерата им била да го натераат оштетениот да ја плати претходно украдена наркотична дрога – роба во количина од 4 килограми.

Второто лице опфатено со Обвинителниот акт со умисла им помогнало, ставајќи им на располагање средство за извршување на кривичното дело – автомобил „Волво В40“ со скопски регистарски ознаки.

Со возилото обвинетите го однеле оштетениот на непознато место спротивно на неговата волја. Во следните неколку дена, преку пораки на мобилни апликации од непознати испраќачи, членови на семејството и блиски лица на оштетениот добивале пораки со барање за уплата на средства за наводно преземена, а неисплатена наркотична дрога- јавува Фокус.

Со цел да се прикријат трагите, возилото со кое е извршено кривичното дело и во кое последен пат бил виден оштетениот, било опожарено во Драчево.

Ф.Ф.С. Извор Фокус.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонија со предлог за САД- Царините да бидат 0%

Македонија сака да ги намали царинските стапки кон САД до нула поради малата трговска размена со САД. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска објави...

Сопственикот на клубот „Џет сет”, каде што најмалку 98 лица загинаа откако се урна покривот за време на настапот на познат пејач, во солзи...

Бизнисменот Антонио Еспаилат, чие семејство е сопственик на најпознатиот клуб во Доминиканската Република повеќе од 50 години, рече дека е бескрајно тажен поради се...

Родителите на децата од Кочани низ солзи им се заблагодаруваат на лекарите и на бугарскиот народ за грижата за нивните деца

Родителите на децата од Кочани низ солзи им се заблагодаруваат на лекарите и на бугарскиот народ за грижата за нивните деца повредени во трагедијата...

Битолчанец цела година крадел струја, Од ЕВН велат дека се оштенети за 9 милиони денари !!!

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против правно лице од Битола и В.П. (50) од Скопје, управител на правното лице,...