12.6 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаВо славењето да ги вклучиме сиромашните, бездомниците, сирачињата

Во славењето да ги вклучиме сиромашните, бездомниците, сирачињата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Во овие празнични денови на Бајрам, ќе му се заблагодариме на Возвишениот Алах за тоа што ни овозможи да го постиме Рамазан и за благодатите што ни ги подарил. Но, да не заборавиме, во нашето славење и радост да ги вклучиме и сите луѓе кои имаат наша потреба, сиромашните, бездомниците, сирачињата, но и нашите исламски институции. Затоа, на крајот на Рамазан, сме задолжени со давање на садакатулфитр, за што Мухамед алејхи селам рекол дека со давање на садакатулфитр го прочистуваме нашиот пост. Исто така, со давањето на Фитр ги зајакнуваме институциите кои се одговорни за исламските учења и кои помагаат на луѓето кои имаат потреба од помош“, вели во честитката Фетаи.
На овој радосен и среќен ден на Фитр Бајрам, посочува поглаварот Фетаи, со чисти срца се обраќаме кон Семоќниот Алах за да ни даде сила на иманот, да ни даде храброст за опростување и помирување, да ни даде насмевка со другите, да ги отвориме патиштата на надежта за иднината, да бидеме цврсти во нашето патување да негуваме уште посветла сегашност и иднина, со која ќе ги правиме среќни и сиромашните, сираците, луѓето кои имаат проблеми, така да, денес и секогаш во животот да бидеме среќни и радосни, а пред сè – благодарение на Возвишениот Алах.

<

„Го молиме Возвишениот Алах да ни ги прифати сите добри дела и молитви што сме ги направиле за време на месецот Рамазан. Го молиме Возвишениот Алах да престанат сите вооружени конфликти во светот, да владее мир насекаде, бидејќи само во мир човештвото може да оди напред кон нови случувања, за доброто на сите луѓе, без разлика на раса, пол, вероисповед или етничка припадност. Браќа и сестри! Каде и да сте, дозволете ми, во име на Исламската верска заедница, нејзините органи, нејзините образовни институции и во мое лично име, да упатам искрени честитки, молејќи го Семоќниот Алах со Својата милост да ни ги прифати сите наши молитви, нашиот пост и сите наши дела направени за време на месецот Рамазан. Нека вие е честит Фитр Бајрам“, се истакнува во честитката на поглаварот на ИВЗ Фетаи.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани на Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...