6.9 C
Ohrid
четврток, јануари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаДКСК го прифати приговорот на Силјановска Давкова – Академијата за судии го...

ДКСК го прифати приговорот на Силјановска Давкова – Академијата за судии го крши Изборниот законик

spot_img

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за кршење на изборните правила. Едногласно, со 5 гласа ЗА – членовите на Државната комисија за спречување на корупција, одлучија дека Академијата со конкурсот и тестирањето на кандидатите за судии и обвинители, го прекршува законот, на начин ,со кој се отвора вратата за вработување на идни судии и обвинители со постапки, во изборен период.

<

– Предлогот го ставам на гласање. Кој е ЗА? Дали има некој ПРОТИВ ? Нема. Констатирам дека одлуката е донесена едногласно со 5 гласа. Одлуката ќе биде објавена во рок од 24 часа на веб страницата. На ДКСК. Против одлуката е дозволена тужба, рече Татјана Димитровска претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата.

А пред одлуката – жестока дебата, навреди и дофрлувања. Кандидатката за претседател Гордана Силјановска стоеше на ставот дека тековното полагање на 299 лица за прием на Академијата за судии и јавни обвинители е противзаконско. Од академијата пак тврдеа дека процесот е планиран многу пред изборниот процес, а вработувањата на оние што ќе ги поминат процедурите, ќе се склучуваат дури во септември.

Од одлуката на ДКСК , не беше задоволна директорката на Академијата за судии и јавни обвинители.

– Баш ме интересира, бидејки гледам дека сте го промениле ставот, во однос на претходна ситуација, како ќе го образложите тоа , затоа што ,ние, не сме задоволни од вашата одлука и ќе одиме на Управен суд, рече Наташа Габер-Дамјановска директор на Академија за судии и јавни обвинители.

Незадоволната страна има право на тужба пред Управен суд, во рок од 24 часа, по прием на одлуката. Управниот суд, пак, е должен, во рок од 48 часа да одлучи по тужбата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопски зет натепан од бабата и дедото.

На 22.01.2025 во 13.00 часот во СВР Скопје, 37-годишен маж од Скопје пријавил дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат...

Се уште не се знае колку дена била почината жената од Кавадарци и дали станува збор за убиство

Кавадарчани утрово ги вознемири веста дека во својот стан, каде живеела сама, е пронајдена почината 52-годишната Сузана С.С., а на нејзиното тело имало повреди. Телото...

Наставник од Џепчиште натепал ученик.

Наставник во подрачно училиште во дебарското село Џепиште, физички нападнал ученик во истото училиште, кое функционира во рамки на Општинското основно училиште „Пенестија”- Дебар. Според...

Апасиев стана редовен професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Пратеникот Димитар Апасиев на Фејсбук објави дека е избран за редовен професор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Во продолжение целосната објава на Апасиев: … „и...