21.9 C
Ohrid
вторник, август 5, 2025
ПочетнаМакедонијаТошковски: Ќе преземеме мерки СВР Охрид да биде префрлен во касарната, а...

Тошковски: Ќе преземеме мерки СВР Охрид да биде префрлен во касарната, а на местото на постоечкиот објект да се изгради катна гаража и парк

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

При неодамнешната посета на СВР Охрид од страна на раководството бев запознаен со проблемот со просторните услови за работа на вработените, како и недостатокот на паркинг простор и тесниот пристап до постоечкиот објект особено во летниот период кога има голем број на туристи во градот. Воедно, бев инфомиран дека со одлука на Владата во 2022 година на МВР се доделени дел од објектите во касарната во Охрид кои не се користат.

<

Во тој контекст заедно со Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид и пратеникот и носител на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 5, Ѓорѓија Сајкоски извршивме увид на објектите во касарната и заклучивме дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во координација со МВР и Општина Охрид ќе ги преземе сите неопходни мерки за реконструкција на објектот со цел СВР Охрид да биде преместен во нови, подобрени и посоодветни простории за работа, а на местото на постоечкиот објект каде во моментот се наоѓа СВР Охрид да се изгради катна гаража и парк за рекреација на граѓаните, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Шлепер излета од коловозот меѓу селата Требеништа и Мешеишта

Шлепер излета од коловозот меѓу Требеништа и Мешеишта Попладнево, на делницата меѓу селата Требеништа и Мешеишта, од трасата што се гради како дел од автопатот...

Опелото за Душко Чифлиганец ќе се одржи утре во храмот „Св. Јован Крстител“ во Аеродром.

Опелото за прерано починатиот Душко Чифлиганец ќе се одржи во среда, на 6 август 2025 година, во 14:00 часот, во православниот храм „Св. Јован...

35 годишниот Д.С. кој синоќа уби човек во Бардовци, е момчето кое во 2012 ја згрози Македонија со убиството на мајка си !!

На 05.08.2025 во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци,...

Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – Осуден убиец усмрти друго лице

Министерството за внатрешни работи информираше дека ноќеска по тепачка меѓу две лица во Психијатриската болница Бардовци, едно од нив починало во болница, по повреди...