28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаВрховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост.
Врховниот суд на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/24 од 02.04.2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост, соопштија денеска од Врховен.

<

Денешната седница беше втора јавна седница пред Врховниот суд по мерката притвор на таткото на Вања, откако во март годинава Врховен ја одби како неоснована жалбата против мерката притвор на Ѓорчевски, по решението на Апелациониот суд Скопје.

Таткото на Вања е осомничен за помагање во грабнување на неговата ќерка, малолетната Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двете убиства, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ првообвинет е Љубомир Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје.

По предлог на надлежен обвинител беше укинат притворот на Стефан Димовски, возачот на Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството. На Димовски му се определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...