Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот ќе победи.
„Целосно е нереално да се каже дека разликата помеѓу Силјановска-Давкова ќе биде 100.000 гласови. Ќе имаме избор меѓу два кандидати Силјановска и Пендаровски, и затоа што тогаш треба да е определат сите граѓани и сите политички партии, дали се за еден кандидат како Пендаровски кој има јасна политика, наспротив Силјановска која нема одговор на ниту едно прашање, и може само да биде реприза на Ѓорѓе Иванов.Очекувам тесна трка во која на крајот Пендаровски ќе победи“, рече Маричиќ.