2.9 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаИзгазил рис на патот Кичево Охрид и извикал: ''Баби... Баби.. изгазив Тајгр''

Изгазил рис на патот Кичево Охрид и извикал: ”Баби… Баби.. изгазив Тајгр”

spot_img

Го прегазил рисот и силно извикал по неговиот татко: Тато згазив Тајгр (Тигар) и со огромна брзина го напуштил местотото.

Случајот со прегазениот рис се случи во 2018 година на патот меѓу Кичево и Охрид покажува дека мора сериозно да се земат предвид иницијативите за зелени мостови над автопатот што е во изградба, велат истражувачите на рисовите од Македонското еколошко друштво. Иако овие идеи биле истакнати пред пет години, биле игнорирани од поранешните власти.

Патот е во област што е богата со жив свет и е важна за критично загрозениот балкански рис. Прегазената женка беше една од само триесетина возрасни единки што опстанале во Македонија. Во целиот Западен Балкан има околу 40 единки. Новиот автопат се гради покрај и врз трасата на сегашниот пат.

„Најдобро е овие зелени мостови да се планираат пред да почне изградбата на патот. Во Хрватска не беше така, тие успеале на готов пат да издејствуваат да се направат премини, но тоа е покомплицирано и чини повеќе“, вели Диме Меловски од МЕД, еден од истражувачите на балканскиот рис.

Децениски напори за заштита

На заштитата и на проучувањето на рисот се работи повеќе од една деценија | Фото: МЕД

Меловски, заедно со уште двајца колеги од друштвото, повеќе од 12 години го проучува балканскиот рис и прави напори за неговата заштита. Почнаа од нула, од обид да утврдат дали сѐ уште постојат рисовите на македонските планини. Прво поставија фотозамки со сензори. Помина долго време додека ја најдоа првата фотографија од рисот, и тоа само од неговиот краток опаш. Потоа собраа стотици слики од големите мачки со црни дамки.

Во истражувањата се вклучија и нивни колеги од Албанија, Косово, Црна Гора и од други земји, цели здруженија, меѓународни фондации за заштита и проучување на биодиверзитетот итн. Се создадоа мрежи за набљудување од ловџии, ловочувари, шумари и од други луѓе што редовно се движат по планините, кои треба да пријават каква било трага, недојаден плен, парче крзно или стапки. Се вложуваат многу луѓе и ресурси за подобро да се проучи ова ретко животно и да се обезбеди неговиот опстанок.

Досега заловија вкупно пет риса, четири мажјаци и една женка, кои ги следат со џи-пи-ес околувратник и собираат податоци за нивното движење и за начинот на живот. Ги фаќаат во сандаци од два метри, како тунели, што се поставуваат на тешко пристапни места, и кои имаат конец на средината што, кога ќе се помрдне, ги затвора вратите однапред и одзади. Многупати, кога истражувачите ќе добиеле сигнал дека нешто се фатило во нивните стапици за рисови, оделе далеку во планините само за да ослободат јазовец, друго диво животно, или, пак, залутано бездомно куче. Во една ноќ двапати го ваделе истото куче. Му било студено, па се вратило во кутијата за да се стопли.

Распространетост на Балканскиот рис и на неговите сосенди видови, Динарскиот и Карпатскиот рис | Фото: МЕД

Сето тоа овозможи многу нешта да се научат за рисот. Живее во високите шумски предели, во западниот дел на Македонија и во околните планини во соседните земји. Лови тивко и незабележливо, од заседа, и со еден прецизен загриз кај вратот усмртува поголеми животни од него, како срните и дивокозите. Тие му се омилен плен, ги јаде цела недела, а ги покрива со мов и со лисја за да не му ги откријат други животни. Понекогаш мора да се задоволи со глувци и со зајаци, а на менито му се и лисиците. Прво ги јаде бутовите од уловот, а најчесто ги остава цревата и внатрешните органи. Еден рис одржува територија од 300 до 800 квадратни километри, колку мали држави како Андора или Сан Марино. Териториите им  се строго обележани и не се поклопуваат, освен на самите граници.

Меловски и колегите внимателно ги чуваат сите податоци за видени рисови, траги, остатоци, за заловувањата, за позициите регистрирани со џи-пи-ес сигналите итн. Во оваа обемна архива месецов мораа да додадат и еден несреќен податок – тој за женката рис што била удрена на патот Кичево – Охрид. Уште била жива кога ја нашле. Ја смириле и тргнале да ја носат во Скопје за лекување. Но, починала по патот.

Критичен дел од патот

Женката рис била удрена на место каде што нема ниту тунели ниту вијадукти | Фото: МЕД

Откако минатата година се обелодени надзорниот извештај со големите пропусти на автопатот Кичево – Охрид (пробивањето тунел низ мека почва, премногу стрмните косини, испуштените клучки), годинава беа потпишани анекси на договорот со кои се ослободија нови 205 милиони евра за да се доврши проектот и беа изгласани во Собранието. Градежните работи на терен сѐ уште се со слаб интензитет.

Според Меловски, сѐ уште не е доцна за да се почнат активности за зелените мостови.

„Ако се прифати тоа, многу е важно да се утврди каде би се направиле, а за тоа треба да се направи мониторинг на теренот. Ние веќе имаме некои податоци од рисовите што сме ги следеле и тие може да бидат појдовна точка“, додаде Меловски.

На мапата тој ни го покажа движењето на еден мажјак, следен во 2012 година. Тој го поминувал патот во близина на селото Подвис, и може да се забележи локација каде што се навраќал повеќепати, најверојатно за да го дојаде уловениот плен. На тоа место сега има градилиште, каменолом, база и други објекти во функција на проектот за изградба на автопатот. Има и точки каде што рисот се доближил до патот, но не го преминал. Автопатиштата се штетни за дивиот свет затоа што ги фрагментираат живеалиштата, односно ги прават помали и понеодржливи.

Како што објаснува Меловски, новиот проект има предности во северниот дел, поблиску до Кичево. Во тој дел има повеќе вијадукти под кои животните можат слободно да се движат. Тука е и тунелот долг 2,2 километри, кој е одличен коридор за дивиот свет. Но, има еден критичен дел од петнаесетина километри меѓу Песочани и Ботун, каде што е Славеј Планина, и таму нема ниту тунели, ниту вијадукти.

„Токму во овој дел беше прегазен рисот“, појаснува истражувачот.

Се бара напуштено младенче

Кога ја нашле прегазената женка, сѐ уште била жива | Фото: МЕД

Женката што е прегазена била постара, што може да се види од оштетувањата на забите. Некои ѝ се скршени, а некои истапени. Во 2014 година, во тој реон со фотозамки била забележана мајка со младенче. Бидејќи рисовите се територијални, можно е да станува збор за истата единка. Истражувачите заедно со ловџиите од друштвото „Питон“ се обидувале да наслушнат дали таа оставила младенче, но засега не нашле ништо.

„Затоа кога ќе угине женка има поголема опасност, дека во шумата останало напуштено младенче, кое незаштитено има премали шанси да преживее“, вели Меловски.

Територијата на прегазената женка се граничи со територијата на првиот женски рис што истражувачите од МЕД го заловија и го следат со џи-пи-ес околувратник. Точките од нејзиното движењето покажуваат дека таа воопшто не го преминувала патот Кичево – Охрид.

Според Меловски, автопатот уште повеќе ќе ја засили фрагментацијата на живеалиштата, бидејќи ќе има ограда од двете страни. Затоа во МЕД веќе прават планови да ја обноват иницијативата за зелени мостови. Веќе се обратиле до министерствата за животна средина и за земјоделство, а најавуваат дека ќе разговараат и со Министерството за транспорт и врски.

Успешни примери од Хрватска

Зелен мост на автопат во Хрватска | Фото: Google street view

Во Хрватска има изградено 11 зелени мостови за животни во различни делови од земјата. Биле поставувани откако претходно се направиле истражувања кои места би биле најповолни за животните да ги користат.

Овие мостови, исто така, послужиле како одлични локации за поставување фотозамки и сензори со кои се следи состојбата со дивиот свет. Со тоа била потврдена и оправданоста на изградбата.

Едно истражување за мостот Ивачено Брдо близу Карловац покажало дека за помалку од една година, инфрацрвените зраци од инструментите за следење биле прекинати над 30 илјади пати, односно толку пати некое животно поминало преку него. Станува збор за премин широк 120 метри, под кој има тунел, а над кој е поставена земја и засадена вегетација.

Истражувачите успеале да направат 1.615 фотографии со фотозамките. Срни, елени, волци, мечки, зајаци, јазовци, куни, диви мачки и различни видови птици биле забележани дека го користат мостот, со што лесно и безбедно поминувале од едната на другата страна на автопатот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина...

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...