24.9 C
Ohrid
четврток, јули 24, 2025
ПочетнаМакедонијаТехнички проблем: Со УВ ламба и спреј ќе продолжи гласањето на избирачки...

Технички проблем: Со УВ ламба и спреј ќе продолжи гласањето на избирачки места во Кочани, Охрид и Куманово

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми со биометриските уреди, гласањето ќе продолжи со УВ ламба и спреј. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски рече дека на сите останати места гласањето се тече без проблеми.

<

„Што се однесува до избирачките места кои ова утро имаа проблеми со користење на техничките апарати, во три избирачки места се отстранети, а во три ќе се продолжи со гласање со УВ ламба и спреј. Тоа се 0838/1 во Кочани, 1252 во Охрид и 1100 во Куманово. Само на тие места ќе се гласа на стариот начин бидејќи на сите други места гласањето е во ред“, рече претседателот Даштевски..
Технички проблеми со биометриските уреди утрово беа пријавени и на гласачки места во Тетово и во Гази Баба.

До 11 часот во ДИК стигнале 164 приговори за лично избирачко право. Од нив 50 се усвоени и на гласачите им е овозможено да го остварат правото на глас, седум приговори се отфрлени како неуредни, а девет приговори се одбиени. Останатите се уште се во обработка.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка, овозможил доградба без важечко одобрение!

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, се најде под удар на законот само неколку месеци пред локалните избори – против него е поднесена кривична...

Крв на сите страни: Тепачка во авионот на Рајнер, на релација Загреб Малме.

Вербална расправија која прераснала во тепачка се случила ноќеска во авион на „Рајанер“ кој летал на релација Загреб – Малме. На општо изненадување на...

Алијансата за Албанците го обвини Азир Алиу дека не го почитува Преспанскиот договор

Во јасна демонстрација на кршење на Уставот и важечките закони, Министерството за здравство вчера го одбележа отворањето на Здравствениот дом во Илинден со две...

Скопјани не сакаат доброволно да гасат пожари – Пријавени само 50 доброволци

Вчера истече огласот за владината мерка за справување со пожарите на кој се бараат 400 невработени за помош при гаснењето на пожарите низ земјава...