25.9 C
Ohrid
петок, август 8, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонците и Албанците на европското дно според коефициентот на интелигенција

Македонците и Албанците на европското дно според коефициентот на интелигенција

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Населението на Северна Македонија и Албанија со најнисок просечен коефициент на интелигенција во Европа. Поразителните резултати што ги објави World Population Review покажуваат дека просечниот IQ на Македонците е 81,91, а заедно со нас на дното во Европа се жителите на Албанија со просечен коефициент на интелигенција од 81,75
Просечниот коефициент на интелигенција е објавен за речиси сите земји од World Population Review, при што вкупниот резултат е извлечен од збир на стандардизирани тестови или подтестови наменети за проценка на човечката интелигенција. При изработката на резултатите, во истражувањето се вклучени подтестови за проценка на знаењето по математика и природни науки, како и читање. Меѓу податоците кои се користат за изработката на просечниот коефициент на интелигенција, се и оние од меѓународното тестирање ПИСА.

<

Во европски рамки, највисоко според просечниот коефициент на интелигенција стојат жителите на Белорусија, Финска, Лихтенштајн и Германија. Јапонците пак се најпаметни во целиот свет, со просечен IQ 106,48. По нив, следат жителите на Тајван (106,47), Сингапур (105,89), Хонг Конг (105,37), Кина (104,1) и Јужна Кореја (102,35).

На самото дно според просечниот коефициент на интелигенција во светски рамки се наоѓа населението на Непал (42.99), Либерија и Сиера Леоне (45,07) и Гватемала (47,72).

Меѓу балканските земји, податоци за просечниот IQ на населението нема за Косово. Блиску до нас според коефициентот на интелигенција се Босанците (88,54), Турците (86,8) и Црногорците (85,78). Повисоко на листата се наоѓаат жителите на Србија (89,6), Грција (90,77), Бугарија (90,99) и Хрватска (95,75).

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Убиецот Димитар Спасов од Неготино, веќе не е во Бардовци

Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на Обвинителството и одреди мерка притвор од 30 дена за 36-годишниот Димитар Спасов, осомничен за бруталното убиство...

Кој е угостителот С.З од Штип: ја уби мајка си, сопругата по три обиди за самоубиство почина на психијатрија , а татко му го...

Кој е угостителот С.З од Штип: ја уби мајка си, сопругата по три обиди за самоубиство почина на психијатрија , а татко му го...

Штипјанец синоќа ја убил мајка си во домот.

Штипјанец синоќа ја убил мајка си во домот. Според информации на М Нет-ТВ лицето било во алкохолизирана состојба, а се уште не е јасен...

352 лица ја минаа дводневната обука за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работен ангажман

На јавниот повик на Владата во врска со активната мерка од оперативниот план за 2025, јавни работи за заштита и превенција од пожари и...