18.5 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаПрегласувањето заврши: Вреди му „украде“ еден пратеник на ДУИ

Прегласувањето заврши: Вреди му „украде“ еден пратеник на ДУИ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Коалицијата Вреди вечерва објави дека со денешното прегласување на парламентарните избори добиле еден пратеник повеќе на сметка на загубата на ДУИ. Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги сумира вкупните резултати од гласањето на парламентарните избори, вклучувајќи го и денешното прегласување. Со ова, почнуваат да течат роковите за приговори до петок, до 19 часот, а за сумирање и утврдување на резултите конечниот рок е до петок, до 22 часот.
На денешното прегласување на избирачко место во село Леарце, Општина Желино, Вреди добила близу 500 гласа, а за Европскиот фронт предводен од ДУИ гласале 48 избирачи, објави претставникот на Вреди, Башким Хасани.

<

„Кога се гласа без притисоци, без кражби и без многу манипулации резултатот е тој што го иамеме денеска или во случајов, коалицијата Вреди го добива 14. пратеник. Им благодариме на сите што излегоа, што гласаа и што го обезбедија 14-от пратеник. Коалицијата Вреди има близу 500 гласа, а коалицијата Европски феронт 48 гласа“, изјави вечерва Хасани.

Со овие резултати сега коалицијата Вреди ќе има 14 пратеници во Собранието, а Европскиот фронт 18 пратеници.

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги сумира вкупните резултати од гласањето на парламентарните избори, вклучувајќи го и денешното прегласување.

Како што информира претседателот на ДИК, Александар Даштевски на прес-конференција, во изборната единица (ИЕ) 5 коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 74.287 гласови или 10 мандати, коалицијата Европски фронт на ДУИ има 27.278 гласови или четири мандати, коалицијата За европска иднина предводена од СДСМ доби 26.668 гласови или три мандати, Левица има 9.850 или еден мандат, коалицијата Вреди 10.793 еден мандат и ЗНАМ 8.671 или еден мандат.

Во ИЕ 6 Европски фронт освои 53.731 глас или осум мандати, Вреди 47.849 гласови или 8 мандати, Твоја Македонија има 21.639 или три мандати, а За европска иднина освои 6.414 или еден мандат.

Со ова, почнуваат да течат роковите за приговори до петок, до 19 часот, а за сумирање и утврдување на резултите конечниот рок е до петок, до 22 часот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...