15.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонија''Заев во Брисел со насолзени очи'': Не ги гасете светлечките ѕвездички, ќе...

”Заев во Брисел со насолзени очи”: Не ги гасете светлечките ѕвездички, ќе се изгубиме во темнината.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Методолигија може да се развие и спроведе, но тоа не пречи Северна Македонија да добие позитивна одлука сега и веднаш. Ваква порака испрати премиерот Зоран Заев по средбата со еврокомесарот за проширување во заминување Јоханес Хан.

<

Премиерот отпатува во Брисел во последен обид да ги убеди лидерите на европските земји да дадат „зелено светло“ за старт на преговорите. Откако министрите за надворешни работи не успеаја да се договорат, одлуката останува на лидерите.

Заев вели дека секое одложување ќе биде прочитано како негативна одлука и ќе има негативни ефекти. Како што вели тој, ќе има негативни ефекти меѓу граѓаните, но и членовите на парламентот кои гласаа за уставните промени. Потсети дека Договорот од Преспа е директно поврзан со отворањето на поглавјата за ЕУ.

„Сакам добронамерно да предупредам дека ако не се испорача очекуваната и заслужена одлука, тогаш кредибилитетот на ЕУ и довербата на нашите граѓаните кон Унијата можат да бидат ставени под знак прашалник. Ова со сигурност ќе ги потикне регресивните сили во земјата и ќе го зајакне интересот на третите страни во регионот. Ако ЕУ покаже отсуство или слабост за Западен Балкан, тогаш третите страни ќе го пополнат ваакумот. Затоа, почитувани лидери на ЕУ немојте да ги гасите светлечките ѕвезди кон кои се стремиме. Немојте да станувате нашата пречка.“, рече Заев од Брисел.

Еврокомесарот за проширување во заминување Јоханес Хан изјави дека очекува во наредните два дена, сепак, да има зелено светло од лидерите на земјите членки на ЕУ. Како што вели Хан, досега на ниво на министри за надворешни работи се сретнале три пати во изминатите 16 месеци, но не било возможно да биде донесена едногласна одлука за Северна Македонија и Албанија. Хан порачува дека не станува збор за отворање или стартување на преговорите веднаш следната недела, туку дека се работи за испорачување на ветувањата за сето она што го направиле овие две земји врз база на она што било побарано од нив.

„Не зборуваме за отворање или стартување на преговорите веднаш следната недела. Се работи за јасен сигнал за посветеноста на Европската перспектива на земјите како што се Северна Македонија и исто така Албанија. Ова е она на што сметаме, што можеме да очекуваме, по сите пораки од добиени за двете земји. Ние досега се сретнавме три пати во текот на 16 месеци на ниво на Совет на министри за надворешни работи, досега не беше возможно да донесеме одлука, сега е на ниво на лидери“, рече Хан.

Евокомесарот порача дека двете земји, особено Северна Македонија, испорачале речиси се од она што било побарано од нив, затоа сега на ред е ЕУ да го исполни своето ветување.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...